ЈП Градски пазар испушта вработени на 70%

ЈП „Градски пазар“ дел од своите вработени ги пушти на принуден одмор. На што се должи ваквата одлука на раководството на претпријатието и дали е точно дека на 70% се пуштени само оперативци а не и вработени во администрацијата, одговор побаравме од директорот Тони Коталески. Тој пак, недостапен за коментар.

 |  Николоска Биљана  | 
pazar
пазар

pazarДел од вработените во јавното претпријатие Градски пазар  пуштени на принуден одмор односно примаат 70% од платата. Во ова претпријатие работат околу 30 лица од кои 50% јавна администрација а 50% оперативци. Според информациите до кои дојде ТВМ најголем дел од вработените пуштени на принуден се оперативците односно чистачите, редарите на пазарот и паркингот. 

За потврда на овие информации се обративме до  директорот на ЈП „Градски Пазар“ Тони Коталески. Два дена со директорот комуникацијата е сведена на смс пораки, во кои тој неизлегувањето пред јавноста со одговори ја правда со презафатеност.  Го повикуваме директорот на Градски пазар да одговори на прашањата, колку вработени се на принуден и на што се должи тоа. Дали на 70% се само дел од pazarопертаивците или има и дел од администрацијата? Дали има нови вработувања во последниве неколку месеци? Во каква финансиска кондиција е јавното претпријатие?

Инаку, директорот Коталески откако ја презеде раководната функција во ова јавно претпријатие , амбициозно најави проекти од типот на цветен пазар на влезот од кај Чинарот, тематски саеми на пазарот каде  туристи ќе можат да купуваат рачни изработки и да дегустираат производи, мини пазари во Далјан, Пештани, населба Охридати.

Но освен велигденскиот саем кој се организира подпомогнат од локалната, другите останаа само како идеи.  Дали ваквите замисли чекаат подобри времиња или целосно се напуштени?  Тука само по себе се наметнува и прашањето за неодамна отворениот автопазар односно каков е првичниот интерес од граѓаните и трговците со автоделови и половни автомобили.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top