Окт 3, 2014

Учениците од ОУ,,Св. Климент Охридски“, учат за штедењето

Преку забава и игра денес учениците од ОУ,,Св. Климент Охридски“ Охрид, научија колку е важно штедењето во животот на секој човек и како да штедат.Претставници од Тутунска банка-НЛБ, на чело со генералниот менаџер Милчо Mитрески , ги запознаа учениците со улогата на штедењето пари од мали нозе. Тие им поделија блокови и прибор за цртање и ги поттикнаа да творат на тема ,,Штедење и спортување“. Учениците чии цртежи ќе бидат најдобри, ќе бидат наградени. Воедно учениците беа поттикнати да се занимаваат со спорт и се разбира да почнат со штедење од најрана возраст.{loadposition content9}

Окт 3, 2014

Делови од Општина Дебрца денес без струја

  Денес, 3-ти октомври, од 10 до 12 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во Ново Село, општина Дебарца, Белчишта и „Појаси (СИПО)“, стои во соопштениот на ЕВН Македонија. Објаснуваат дека прекинот во снабдувањето со електрична енергија во овој дел од општината е заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.{loadposition content9}

Окт 2, 2014

Ем стоматолошка услуга, ем туристичка прошетка

Охрид ги прави првите чекори кон денталниот туризам. Стоматолозите од градов велат дека Македонија сеуште се наоѓа на првото скалило од овој интересен туристички концепт, во кој туристите добиваат и стоматолошка услуга, но и можност да уживаат во сите останати туристички услуги како пакет аранжман. Д-р Небојша Баткоски од стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, вели дека тие веќе втора година практикуваат дентален туризам. За таа цел отвориле и своја ординација во Словенија која им служи како своевиден промотор и на Охрид и на стоматолошките услуги на центарот. Д-р Баткоски појаснува дека за …

Окт 2, 2014

Општина со експресен одговор и контра обвинувања на адреса на СДСМ

Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески со експресен одговор на прес конференцијата нас СДСМ. Спасески се пофали со успешното разделување на економското училиште од гимназијата. Рече дека СДСМ нема право да каже ни збор бидејќи со години се обидувале да го реализираат овој проект како и бројни други проекти кои не вродиле со успех. „ Новата власт успеа да го создаде новото Средно стручно економско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Избрани се органи и потребен персонал и настават тче. За останатите позиции рече дека низ една законска постапка  ќе бидат пополнети со адекватни кадри о дкои …

Мај 27, 2021

Комуналец не може да исчисти онолку колку што можат несовесните граѓани да ги преполнат контејнерите на улицата Дејан Војвода

Грда комунална слика е секојдневие од поставените контејнери за отпад на влезот од ул. Дејан Војвода. Тие наутро се празни, а за само неколку часа до пладне се преполни со комунален и кабаст отпад оставен покрај нив. Од нив се шири неподнослива реа на која реагираат граѓаните кои живеат наспороти контејнеритеи не може да отворат прозорец. Голем број несовесни жители од оваа улица, но и од целата населба наречена поплавени, го прекршуваат комуналниот ред на ЈП Охридски комуналец за подигање на комунален и кабаст отпад, посочува Стевчо Маслов од ова претпријатие. Околу 5000 жители кои живеат …

Окт 2, 2014

Итни мерки за нормализирање на наставниот процес во општината бараат охридските социјалдемократи

Година и пол градоначалалникот Никола Бакрачески и Вмро Дпмне импровизираат во образовниот процес во општинските училишта, истакна на прес конференција Јован Стојаноски советник  и координатор  на советничката група на СДСМ. Во интерес на учениците, социјалдемократите  го повикуваат градоначалникот Никола Бакрачевски да се создадат услови за работа во општинските училишта. Од СДСМ  сметаат дека Вмро-Дпмне и градоначалникот Бакрачески го оставиле ново формираното средно економско  училиште со 20 паралелки и 450 ученици без потребните услови и кадар во новата учебна година што е недозволиво.„…

Окт 1, 2014

ODW Elektrik до крајот на годинава започнува со производство во Охрид

Целосно адаптирана производствената хала за инвестицијата на германската компанија ОДВ електрик. Донесена е и првата производствена линија во адаптираниот објект со големина од 1500 метри квадратни. Огнен Цубалевски, директор на ОДВ Електрик Македонија вели дека очекуваат напролет да започне израдбата на новиот производствен објект во технолошко-индустриската развојна зона помеѓу Охрид и Струга. Според него, само во првата фаза од инвестицијата ќе вложат околу 4 милиони евра, за до крајот на реализацијата на проектот да имаат производствен капацитет на површина од 10000 метри квадратни и ок…

Окт 1, 2014

Традиционално и годинава ќе се одржи акцијата „За посреќно детство“

Во сабота ќе се одржи традиционалната спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“. Главната активност со која што официјално започнува хуманитарната активност ќе биде трката во 11 часот од чинарот до крајот на плоштадот, како што најави Мимоза Ставреска од Црвениот крст Охрид. Секој што ќе купи учеснички број за акцијата, ќе може да се натпреварува во шах, кошарка, фудбал, одбојка, ракомет, пикадо, за најмладите вртење хула-хоп, менување чашки, а исто така талоните учествуваат во наградна игра, информира Ставреска.„Ги повикуваме сите наши сограѓани да ни се придружат за масовно да ја …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top