• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Комуналец не може да исчисти онолку колку што можат несовесните граѓани да ги преполнат контејнерите на улицата Дејан Војвода

Комуналец не може да исчисти онолку колку што можат несовесните граѓани да ги преполнат контејнерите на улицата Дејан Војвода

Околу 5000 жители  и  дуќани во и околу населбата секојдневно  фрлаат ѓубре  и кабаст отпад  кога и каде сакаат во 5те контејнери на локација која е во строгиот центар на градот. Надлежните апелираат на соработка со граѓаните да ги пријавуваат несовесните  прекршители до инспекциските служби. 

 |  Валентина Неловска  | 

Грда комунална слика е секојдневие од поставените контејнери за отпад на влезот од ул. Дејан Војвода. Тие наутро се празни, а за само неколку часа до пладне се преполни со комунален и кабаст отпад оставен покрај нив. Од нив се шири неподнослива реа на која реагираат граѓаните кои живеат наспороти контејнеритеи не може да отворат прозорец. Голем број несовесни жители од оваа улица, но и од целата населба наречена поплавени, го прекршуваат комуналниот ред на ЈП Охридски комуналец за подигање на комунален и кабаст отпад, посочува Стевчо Маслов од ова претпријатие. Околу 5000 жители кои живеат во овој дел од градот и дуќани секојдневно фрлаат ѓубре и кабаст отпад кога и каде сакаат во 5те контејнери кои се во строгиот центар на градот.
Ние како ЈП мора да поставуваме контејнери каде што има станбени згради за колективно домување, вели Маслов. Конкретно во случајот на ул. Дејан Војвода подигаме два пати неделно комунален отпад секој понеделеник и четврток од контејнерите поставени за зградите за колективно живеење.

Причината ја гледам кај граѓаните. Не се работи за отпад од колективните згради туку сите околни домаќинства кои кои имаат обврска отпадот да го чуваат дома и во оние денови и време кога треба да се извади отпадот за да се подигне тоа не се случува . Никој не го чува комуналниот отпад дома туку се депонира до блиските контејнери и затоа се случува оваа грда слика. Го воочивме овој проблем ние како тим сме на терен ги слушаме проблемите и поплаките на граѓаните и каде што има грешки се корегираме.Еве веќе една недела е воведена трета смена за собирање отпад“.

Маслов напомнува дека почнале секој ден да го подигаат отпадот на оваа улица иако согласно програмата требало тоа да го воведат од 1 јуни со цел да го ублажат проблемот. Решението на овој проблем го гледа во делување на надлежните инспекциски служби.

„Би апелирал до надлежните инспекциски служби ние како ЈП е да укажеме на проблемот, да го подигнеме и депонираме тука е надлежна комуналната инспекција. Треба да го превенираат и да го решаваат тие проблемот“ .

Во текот на денот нашите надлежни служби ќе излезат на терен за да ја увидат состојбата, информира Томе Џамтоски, портпаролот на општина Охрид. Некои жители дури си дозволиле и да ги преместат поставените контејнери од локации каде што претходно биле поставени затоа што им сметале да бидат во нивна близина.

„Контејнерите кои што се поставени на одредени локации се одбрани согласно критериумите изработени од Фондот за комунален развој, а доколку контејнерите се поместуваат не може комуналните инспектори да ги вратат назад , тоа е работа на службите кои го подигаат отпадот до колку видат дека е поместен да го вратат на местото каде што треба да стои контејнерот.“

Доколку недостасуваат контејнери во соработка со Фондот за комнален развој ќе се постават нови, потенцира Џамтоски.
И Маслов и Џамтоски апелираат на еколошката јавна свест на граѓаните од ова улица кон совесно однесување кон животната средина. Џамтоски ги повикува граѓаните на соработка доколку забележат несовесни лица кои не го почитуваат комуналниот ред да ги документираат прекршителите и да ги пријават до инспекциските служби.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top