Мај 28, 2021

8 станари и еден пожарникар завршија во болница по пожарот во подземна гаража во станбена зграда во центарот на Охрид

Избувна пожар во гаражниот, подземен дел во комплексот згради во центарот на Охрид кај поранешната стара автобуска станица утрово по полноќ. Во пожарот целосно изгорени се 2 возила, а 10 тина се оштетени. Територијалната противпожарна единица од Охрид (ТППЕ) интервенирала на повик за пожар 40 минути после полноќ во гаражата на комплексот згради. Во гаснење на пожарот биле ангажирани 4 возила со 15 пожарникари. Станарите од двете згради, од двата влеза од стамбениот комплес, биле евакуирани заради густиот чад, информираат од ТППЕ. 8мина станари и еден пожарникар заради вдишување на јаглероде…

Окт 8, 2014

Полицијата и трговците заедно во борба против крадците

Трговските објекти од градов најмногу на удар на крадците. Според податоците со кои располага СВР Охрид дури 35% од кражбите во градов се извршени во златарите, бутиците и другите трговски објекти во охридската чаршија. Речиси да нема трговски субјект кој не се соочил со ваква непријатна и опасна ситуација.Имаше и кај нас обиди за кражба, а имаше и неколку поситни кражби. Оваа појава тешко дека може да се искорени, но сите треба да направиме напори кражбите да бидат што поретки, вели сопственикот на фирмата „Маеми“, Боро Нечкоски.Со цел да се слушнат проблемите на трговските субјекти на без…

Окт 8, 2014

ВМРО НП го поздравува отпочнувањето на градскиот линиски превоз за кој велат бил нивна идеја

Од Народна велат дека уште во 2012 година тие поднеле иницијатива во Советот на Општина Охрид по што била донесена одлука за почеток на истиот во интерес на граѓаните на Охрид. Додаваат дека истиот краток период во 2013 година функционирал но набрзо потоа бил прекинат. Од ВМРО Народна велат дека го поздравуваат тоа што Локалната конечно реализира една иницијатива од минатото. Тие додаваат дека позитивните работи секогаш треба да се поздрават, без разлика од кого се, како и тоа дека благодарение на нивната иницијатива, граѓаните ќе можат да се превезуваат низ населбите од градот за евтина це…

Окт 8, 2014

Експерти за борба против дрогата на тркалезна маса во Охрид

Во Охрид започна дводневна тркалезна маса на која учествуваат  претставници на Одделенијата за недозволена трговија со дрога од земјите во регионот и над 30-тина водечки форензичари за дрога од целиот свет. Настанот е организиран од ОБСЕ и МВР, во соработка со Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал. На тркалезната маса ќе се разговара за квалитетот на истрагите и превенирање на криминалот поврзан со дроги, вклучувањето на форензичарите со нивното истражување и обезбедување на научни докази поврзани со намалување на трговијата со дрога. Тема ќе бидат и казните во регионот, Евро…

Окт 8, 2014

Центарот за социјални работи од Охрид задоволен од интересот за бесплатните курсеви за децата без родители

Задоволителен интересот за посетување на бесплатните курсеви по компјутери и англиски јазик кои ги организира Министерството за труд и социјална политика-оценуваат од охридскиот Центар за социјални работи. Со овие почетни курсеви ќе бидат опфатени децата без родители и родителска грижа сместени во згрижувачко семејство, во мал групен дом, во установи за социјална заштита, деца под старателство на близок сродник и лица кои до својата осумнаесетта година имале статус на деца без родители, но не се постари од 26 години.„Постапувајќи по насоките од Министерството, стапивме во контакт со децата …

Окт 8, 2014

Институциите ги привршуваат подготовките за изградба на затворениот пливачки базен

Израдбата на затворениот пливачки базен  на СРЦ Билјани Извори, во Охрид  се најавува за почетокот од идната година. Во моментов во завршна фаза се подготовките на документацијата за неговото градење. Иако градбата беше најавена уште во 2008 година, од Локалната самоуправа тврдат дека постапката за градење не е закочена, туку напротив институциите секоја во својот дел ги привршуваат постапките за  неговата изградба.„ Воопшто не се закочени постапките. Константно се работи на оваа проблематика. При екпропријација прашање е дали ќе се јави еден или повеќе наследници и целата процедура трае, и…

Окт 7, 2014

„Зборникот за Охридското востание“ промовиран пред охридската јавност

„Зборникот за Охридското востание“ после долгогодишни подготовки денес промовиран пред охридската јавност. Ова дело произлезе од минатогодишниот научен собир што се одржа во Охрид и Дебар по повод 100 години од избувнувањето на Охридско-дебарското востание. Во зборникот се опфатени единаесет реферати во кои е обработено охридско- дебарското востание во кое учествувале од 2500 до 5000 жители од овој крај, од кои голем број биле албанци. Во востанието биле уништени и запалени стотина села и 1000 куќи.Ова востание не беше промовирано во нашаат историја и покрај тоа што за ова востание уште во …

Мај 28, 2021

Вакцинален Stand up comedy со Марјан Ѓоргиевски

НУ Центар за култура “Григор Прличев“ – Охрид Ве поканува на Вакцинален Stand up comedy со Марјан Ѓоргиевски во САБОТА 05.06.2021 година, ќе има “вакцинирање” во Центарот за култура “Григор Прличев” – Охрид, со почеток во 20.00 часот. Сите граѓани на градот Охрид и околината по сите можни протоколи (маски, растојание и дезинфекција) се поканети да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат против глупоста, политиката, тик токот, учебниците, кинезите и лилјаци, Бил Гејц, 5џи, евровизија, инфлуенсерки. Ваксајн ис каминг. Цена 200 денари. Влез на публика од 19:30 часот, почеток 20.00 часот!!! …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top