„Зборникот за Охридското востание“ промовиран пред охридската јавност

„Зборникот за Охридското востание“ произлезе од минатогодишниот научен собир што се одржа во Охрид и Дебар по повод 100 години од избувнувањето на Охридско-дебарското востание. Директорот на Институтот за Национална историја Драги Ѓорѓиев рече дека треба да се изгради  споменик кој ќе сведочи за ова востаниеи ќе го симболизира заедништвото на македонците и албанците во ова востание.

 |  Јаковлева Лионела  | 
zbornik
зборник

„Зборникот за Охридското востание“ после долгогодишни подготовки денес промовиран пред охридската јавност. Ова дело произлезе од минатогодишниот научен собир што се одржа во Охрид и Дебар по повод 100 години од избувнувањето на Охридско-дебарското востание. Во зборникот се опфатени единаесет реферати во кои е обработено охридско- дебарското востание во кое учествувале од 2500 до 5000 жители од овој крај, од кои голем број биле албанци. Во востанието биле уништени и запалени стотина села и 1000 куќи.промоција

Ова востание не беше промовирано во нашаат историја и покрај тоа што за ова востание уште во 1917год. Било промовирано од охриѓанецот Кирил Прличев во својата книга за српската власт и за револуционерното движење го нотирал ова востание . Ова востание е присутно и во мемоарите на ВМРО во 1920год. Потпишани од охриѓанецот Петар Чауле, но нашите историчари до минатата година го заборавија и бугарската исторографија сакашае да го присвои како бугарско, а сите знаеме дека во него учествувале македонци и албанци, вели  директорот на Институтот за Национална историја Драги Ѓорѓиев.dragi gorgiev

Ѓорѓиев вели дека ова востание е прво во Македонија во кое заедно учествувале македонци и албанци против окупаторот  кој дошол во Македонија по балканските војни. Тој вели дека заслужува овај историски настан, а посебно жртвите кои загинале во ова востание да имаат едно соодветно обележје.

Ние историчарите го направивме своето, сега општините Охрид и Дебар треба да се заложат за да се направи еден споменик кој ќе сведочи за ова востаниеи ќе го симболизира заедништвото на македонците и албанците во ова востание, вели Ѓорѓиев.

По промоцијата во Охрид, „Зборникот за Охридското востание“ ќе биде промовиран и во Дебар. На денешната промоција во Центарот за култура во Охрид учествуваа и албански историчари кои беа дел од научниот собир по повод 100 – годишнината од ова востание, но и дел од изработката на книгата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top