Окт 15, 2014

ОУ ,„Живко Чинго“ набави наставни нагледни средства со американска донација

Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти ги поднови училишните простории. Со донација од американско здружение Macedonian school project во висина од 1100 долари набавени се нови магнетни табли и најразлични наставни нагледни средства. Учениците добија струјни кола, предмети со геометриски форми, играта „Не лути се човеку“ со кое учениците преку игра полесно ќе научат да собираат.  Првчињата гласно го изразија  своето воодушевување од новите работни  простории и играчките со кои се  опкружени.Снежана Димитриеска, одделенски наставник во училиштето вели дека  новите надгледни средства им…

Мај 31, 2021

Скопјанка со секира нападнала охриѓанец

На 29-ти мај 2021 година, во 02:40 часот, во куќа на улицата „Охридски бригади“, 36 годишна жена од Скопје, со секира нападнала 52 годишно лице од Охрид, а потоа извршила оштетување на покуќнината. -Таа е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Окт 15, 2014

Огревното дрво најефтина варијанта за затоплување

Од денес официјално започнува грејната сезона. Граѓаните интензивно се подготвуваат за престојната зима набавувајќи огревно дрво. Во складовите привршуваат нарачките за потрошувачите. Дрва има доволно, велат од Македонски шуми. Цената на дрвата е иста веќе неколку години. Сеченица на даб или бука од втора класа со дебелина од 3 до 7 см се продава по цена од 1859ден. Даб од прва класа со дебелина од 7 до 16 см чини 2453ден., а бука од 7 до 16 см е 2371ден. Досега преку стовариштето на Македонски шуми во Охрид продадени се  преку 22 000 просторни метри. Дрвата можат да се купат само од лиценц…

Окт 15, 2014

Локалната доделува бесплатни курсеви по англиски, германски јазик и информатика за студенти и невработени

Општина Охрид за учебната 2014/2015 година ќе додели 30 бесплатни курсеви за  англиски јазик, 30 бесплатни курсеви по германски јазик и исто толкав број бесплатни курсеви по информатика на невработени лица и студенти во општината кои живеат во семејства со ниски месечни примања или се социјални случаи.Право на бесплатен курс по англиски,германски јазик и информатика имаат кандидатите кои се редовни студенти на универзитетите во Македонија или се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување.Заинтересираните кандидати треба да ги пополнат потребните образци  поставени на ин…

Окт 15, 2014

Малолетник-рибокрадец со подводна пушка

Mалолетник од Охрид со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка вршел незаконит риболов на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“. Тој бил затекнат во рибокрадство вчера од страна на патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. По консултација со јавен обвинител, малолетникот е повикан во полициска станица каде во присуство на адвокат за малолетници извршен е разговор, информираат од СВР. На малолетникот одземена му била подводната пушка, одело, маска и други предмети за нуркање. Неодамна пак, во акциска патролна кон…

Окт 15, 2014

Започнува кампањата „Помислете и на нас“

Кампањата за одбележување на 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладта и Неделата за борба против гладта од 16-22 Октомври, под мотото ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС Црвен крст Охрид ја започнува со активности насочени кон собирање на прехрамбени производи на пунктови поставени во поголемите маркети во градот.Кампањата за одбележување на 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладта и Неделата за борба против гладта од 16-22 Октомври, под мотото ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС Црвен крст Охрид ја започнува со активности насочени кон собирање на прехрамбени производи на пунктови поставени во поголемите м…

Окт 14, 2014

Младите библиотекарки од Охрид се подготвуваат за државен натпревар

  Две победнички на општинскиот натпревар за млади библиотекари кој деновиве се одржа во НУ – Библиотека “Григор Прличев” – Охрид. Традиционално и годинава организатор е Библиотекарското здружение на Македонија. Директорката Александра Белеска задоволна е од знаењето кое го покажале учениците, членови на библиотеките од Основните училишта на општина Охрид и општина Дебрца. Таа ги обелодени имињата на победниците од натпреварот и ги покани сите 17 учесници заедно со професорите утре, 15ти октомври, во просториите на библиотеката во 12 часот да дојдат и да си ги земат благодарниците и пофални…

Окт 14, 2014

Македонија бара начин како да се спречи верскиот радикализам кај младите

  Припадници на  разузнавачки и безбедносни служби од регионов , но и пошироко како и три меѓународни организации седна на заедничка маса со цел да се изнајдат начини како да се спречи верскиот радикализам кај младите и нивното приклучување во борбите во Сирија и Ирак. На овој собир присуствуваше и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска која рече дека ваквите настани се од исклучително значење за размена на информации и искуства помеѓу службите кои се грижат за националната безбедност во државите. Министерката кажа дека за прв пат на овој собир се отвориле прашања околу преве…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top