ОУ ,„Живко Чинго“ набави наставни нагледни средства со американска донација

ОУ ,„Живко Чинго“ набави наставни нагледни средства со американска донација.

 |  Валентина Неловска  | 
школо
школо

Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти ги поднови училишните простории. Со донација од американско здружение Macedonian school project во висина од 1100 долари набавени се нови магнетни табли и најразлични наставни нагледни средства. Учениците добија струјни кола, предмети со геометриски форми, играта „Не лути се човеку“ со кое учениците преку игра полесно ќе научат да собираат.  Првчињата гласно го изразија  своето воодушевување од новите работни  простории и играчките со кои се  опкружени.
Снежана Димитриеска, одделенски наставник во училиштето вели дека  новите надгледни средства им се неопходни за поквалитетно изведување на новата наставна програма. Таа посакува сите училишта да имаат вакви наставни средства. Сега поефикасно ќе ја  доближат наставната програма до учениците.
школо
„ Се постигнува поголемо внимание кое ќе остане подолго во сеќавање кога ќе им се приближи визуелно. Ќе прават разлика од она што е усно кажано, а  не го виделе. На овој начин може да го сработат полесно  наученото за да им остане подолго во меморијата “, смета  Димитриеска.

 Директорот на училиштето Ѓоко Чинго, напоменува дека покрај донацијата од американското здружение школото добило  средства и од локалната самоуправа за варосување на школото, но и од Лајонс Клуб Десарети. Од Лајонс клубот  добиле финансиска поддршка во висина од 26. 000 денари со кои набавиле училишни масички и столици. Во моментов подготвуваат проект за добивање на нов грант.
школо
„Следен  е проектот за набавка на нагледни средства за предметната настава. Работиме со тим од наставници, а проектот е во вредност од над 16.000 долари. Среден е со помош на ЛЕР  и наша обврска е преку амбасадите да го обезбедиме училиштето со смарт атбли, роботи , телескопи“, најавува Чинго.  

Педагогот во ова училиште, Весна Терзиоска  напоменува дека  американското здружение Macedonian school project  донира средства за  македонските училишта.  

„Осум години по ред ова здружение донира средства во нашето училиште и во другите училишта во Охрид. Средствата кои ги донираат за нагледни работи се набавени по претходен договор со наставниците што им е потребно за новите наставни планови и програми а кои ги немаат. Од оваа година од 1 до 3 одделение се работи по новата наставна програма Кембриџ, и од голема важност е надгледувањето за учениците да се стекнат со трајно знаење,“ напоменува Терзиоска.  

Покрај ОУ „Живко Чинго“, ова здружение донирало средства за опремување со нагледни средства и во  основните училишта „Братство Единство“  и во  „Гоце Делчев“ во Струга.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top