За развој на авантуристичкиот туризам но и воопшто за безбедноста на жителите и туристите во поширокиот регион на Охридското езеро како туристичка дестинација неопходно е постоењето на систем за спасување. Во таа насока Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид, која функционира целосно на волонтерска основа со оперативен центар и опрема набавени со европски пари преку квалитетни проекти, е успешна приказна. Општините Охрид, Дебрца и Вевчани пред две години потпишаа Меморандум за соработка со цел да се овозможи службата да продолжи да функционира и да се развива. Но до денес локалн…
Пензионерите од Охрид и Дебрца добија прирачник со практични совети, мерки и постапки како да превенираат станување на лесна мета на извршители на кражби и други кривични дела. Насловен како „Внимавајте на вашата безбедност“, прирачникот според портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски има за цел да делува превентивно и да ги заштити пензионерите и повозрасните лица. „Да се обидеме на овој начин да ја подигнеме свеста на пензионерите и воопшто на повозрасните луѓе дека треба да посветат повеќе внимание на својот личен имот, паричник, ташна, но и на предметите кои што ги поседуваат во домовит…
Согласно практиката на отвореност и интензивна комуникација со граѓаните пратениците Александар Николоски и Сашо Василевски во тим со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славе Трпевски, а придружувани од преставните на централните и локланите инситуции во изминатиот период од 40 дена посетија 19 населени места во Охридско и Ресенско.Беа посетени сите поголеми села во Охридско и значаен дел во Ресенско. Во Охридско беа посетени населените места Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, Елшани, Рача, Вапила, Ливоишта, Подмоље, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел, Лескоец и Велг…
Втора година по ред на 6-ти ноември, членките на Лајонс Клубот „Деница“ од Охрид, садат бели рози во паркот пред хотелот „Гарден“. Продолжуваат со нивните заложби, Охрид да прерасне во „град на белите рози“. Даниела Котеска Лозаноска, членка на Лајонс клубот „Деница“ истакна дека нивната цел е ноември да биде месецот на белите рози како препознатлив симбол на Охрид, а оваа активност да прерасне во традицонална. „Оваа година засадивме седумедесетина садница, поголема бројка од минатата година. Можеби тоа се должи на поддршката која ја добивме за оваа акција од другите Лајонс клубови од на…
Охриѓани ќе учат техники за справување со стресот. Денес, лиценцираниот учител за Art of living и психолог, Теодора Костовска со едно несекојдневно излагање на тема стресот и луѓето, пред заинтересираните ќе говори за начините на препознавање на симптомите карактеристични за стресот, но и ќе сподели со охриѓани на кој начин да се справуваат со него. Имајќи ги предвид застрашувачките податоци со кои излезе Фондот за здравство кои говорат дека 1.600.000 рецепти кои биле издадени минатата година гласеле на антидепресиви, Костовска смета дека од пресудно значење за луѓето е да знаат дека постој…
Во првата недела од имунизацијата потрошени се сите 1450 вакцини за грип. Охриѓани побрзале да се заштитат од грипот, а 60 до 70 % од вакцинираните се лица над 65 годишна возраст. Покрај повозрасни граѓани и лица со хронични заболувања како астма , дијабетес, срцеви заболувања, белодробни болести, биле имунизирани и 50 здравствени работници, изјави д-р Јованка Стурлакова Коровешоска од Епидемиологија при Центарот за јавно здравје, Охрид. „Нова порачка на вакцини нема да има бидејќи заврши тендерот и нема нов тендер да се разпишува за оваа сезона.Оние кои не се вакцинирани а имаат желба да …
Децата од три објекти на детската градинка „ Јасна Ристеска“ ќе учат англиски јазик. Овој проект во градинката се спроведува со поддршка на образовниот центар ПИСИ. Директорката на Градинката Роза Костеска и директорката на ПИСИ Татјана Димоска потпишаа меморандум за соработка .„ Настава по англиски јазик ќе се одржува со деца од градинката на возраст од 5 и 6 години. Наставата ќе е во групи од 15 деца, а ќе се опфатени 90 деца. Наставниот кадар, дидактичкиот материјал и надгледните средатва ќе ги обезбедува ПИСИ, а просторот и дежурните негувателки се од страна на градинката“, напоменув…
Привршува уредувањето на плажата во туристичката населба Лагадин. Сите шанкови, платформи и објекти се веќе отстранети..Нема веќе рампи и лежалки.Деновиве ќе се посипува со речна автохтона песок, нови засади на растенија и дрвја, а се очекиува плажата да биде подготвена за туристи до 15 јуни.
„Речиси целосно се расчистени плажите на овој потег, од село Пештани до хотел Метропол, каде што со помош на механизација, отстранети се нелегални градби, платформи, постаменти од бехатон плочки и ѕидови од најразлични градежни материјали. Откриени и отстранети се голем број нелегални одводни цевк…