Децата од три охридски градинки ќе учат англиски јазик

Децата од три охридски градинки ќе учат англиски јазик.

 |  Валентина Неловска  | 
деца
деца

Децата од три објекти на детската градинка „ Јасна Ристеска“ ќе учат англиски јазик. Овој проект во градинката се спроведува  со поддршка на образовниот центар ПИСИ. Директорката на Градинката Роза Костеска и директорката на ПИСИ Татјана Димоска потпишаа меморандум за соработка .
деца
„ Настава  по англиски јазик ќе се одржува  со деца од градинката на возраст од 5 и 6 години. Наставата ќе е во групи од 15 деца, а ќе се опфатени 90 деца. Наставниот кадар, дидактичкиот материјал и надгледните средатва ќе ги обезбедува ПИСИ, а просторот и дежурните негувателки се од страна на градинката“, напоменува Димоска.  

Директорката на градинката „ Јасна Ристеска“ , Роза Костеска го поздравува ваквиот потег на сопственикот на ПИСИ , Ангел Јанев. Очекува примерот на оваа општествено одговорна компанија да го следат и останатите образовни центри. Директорката појаснува дека соработката со ПИСИ е во континуитет, а појаснува како дошло до реализација на проектот.

меморандум„ Планот беше во градинката да се изучува англискиот јазик, но кај  родителите имаше мал интерес.  Но, во пресрет излезе ПИСИ  и овозможи 90 деца да го учат англискиот јазик од најрана возраст што е многу корисно за децата“, кажува Костеска.

Реализацијата на проектот е во износ од  120.000 денари, а ќе се спорведува  во следните 4 месеци во објектите  Росица, Билјана и централаната градинка.

Потпишувањето на меморандумот  за соработка пак е во чест на 70 годишнината од ослободувањето на Охрид.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top