Во охридската болница започна да работи ново одделение за гастроентерохепатолгија. Започнаа да се прават дијагностичи прегледи за заболувања на желудник, хранопровод, дванаесетпалачно црево, дебело и тенко црево. Набавен е современ видео столб за дигестивна ендоскопија, опрема која недостасуваше за гастродијагностицирање на интерното одделение скоро пет години. За работа во гастрокабинетото има едуцирано и 2 -ца доктори кои ќе работат со современата опрема како што се ендоскопот и колоноскопот, потенцира директорот на општа болница Љубен Арнаудов.„ Овие две методи ќе помогнат да се п…
Продолжен рокот на огласот за субвенционирање на комуналните трошоци. Причина за тоа е зголемениот интерес на граѓаните на општина Охрид кои своите барањата можат да ги поднесат заклучно со 05.12.2014 година. Вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600 денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање на гробна такса – гробарин…
Со забрзано темпо се одвиваат активностите кои се однесуваат на теренот за фудбал на вештачка трева при СРЦ “Билјанини извори“. Во тек е поставувањето на вештачката трева на веќе подготвената подлога.Паралелно со поставувањето на слоевите со вештачка трева се нанесува и специјален гранулат со цел нанесената вештачка трева да го добие посакуваниот изглед и содржина.Покрј вештачка трева се поставува и заштитната ограда по должината на целиот стадион во предвидените димензии,а екипи на охридските јавни претпријатија поставуваат рабници и бехатон плочки на местата за маркирање на граничниот пој…
Охридските ракометари вчера беа поразени од екипата на Еурофарм Пелистер, со 30-14 во 14-то коло од суперлигашјиот плејоф.Четири погодоци постигна Тот, Манасков и Иваноски по три, а по еден гол постигнаа Андоновски, Соколов, Младеновиќ и Шулески.
Со ова се заокружени натпреварите во ракометната Супер лига за сезонава.
Еурофарм Пелистер и покрај победата над Охрид остана на втората позиција, поради послабиот меѓусебен скор со Вардар во плеј-офот. „Црвено-црните“ ја одбранија шампионската титула, по победата над Металург, а „гладијаторите“ завршија шести со 15 бодови.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески е во неколкудневна посета на Шенжен –Република Кина, каде оствари работна средба со делегација на регионалните власти, предводена од заменикот градоначалникот на Шенжен, Ву Јихуан, која воедно е и шеф на Секторот за образование, култура, спорт и здравствена политика во локалниот Конгрес на провинцијата. На средбата се разговараше за можностите за етаблирање на идна долгорочна соработка во делот на образованието преку размена на студенти и професорски кадар. Се разгледуваа и можностите за продолжување на воспоставената соработка меѓу Охри…
На охридското крајбрежје пет плажи во должина од околу километар и пол ќе добијат современ изглед. По 120 метри плажа ќе се уредува во Далјан, Извиднички, Лагадин, 500 метри во Љубаништа и 700 м од каналот Студенчишта до ресторанот Парк. Министерството за транспорт и врски ги одреди точните локации за нивно уредување. Од таму креираа јавна анкета на која граѓаните преку електронско гласање ќе учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за плажите. Од локалната самоуправа која располага со градежното земјиште дури по изборот на идејните решенија на з…
„Сите кон Свети Климент“. Вака е насловена свечената поворка која ќе се организира во очи големиот празник, патронот на Охрид-Св. Климент Охридски. Граѓани, преставници на локалната, преставници од советот и гости ќе бидат дел од процесијата која ќе започне на 7ми декември во 20 часот од градскиот плоштад. Со факели и свеќи во рацете поворката ќе се движи по стариот дел на градот се до црквата на Св. Климент на Плаошник. Таму ќе биде оддадена почит на светецот, заштитник на градот и ќе биде одржан говор.Симболикатакако што е и самото име на анстанот е да сме сите сплотени и заедно да му одд…
Голем број преставки и жалби на граѓаните до Народниот правобранител за случаи кога банките им ги блокираат сметките без притоа да ги известат за тоа. Во текот на изминатава година, Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети, вели дека ова особено било евидентно со плаќањето или неплаќањето на радиодифузната такса што резултирало со блокирање на приватни сметки на граѓаните.„Голем беше бројот, сеуште е голем бројот затоа што и во делот на плаќање на радиодифузна такса се премина од еден во друг систем на плаќање на радиодифузната такса, така да на почеток имаше голем проб…