Дилемата разрешена. Лизгалиште на градскиот плоштад нема да има. Граѓаниоте посебно помладите останаа покуси за една атракција во зимскиот период кога во градов има малку анимациски активности каде би можеле да го трошат своето слободно време.Оваа година за жал по огласот што го имавме објавено не се јавија заимнтересирани страни а веќе е доцна да објавуваме втор за да најдеме нова заинтересирана страна. Јас навистина жалам што оваа година Секторот за ТЛЕР не успеа да го реализира овој проект за кој минатата година од многумина бевме пофалени, рече градоначалникот Никола Бакрачески.Лизгал…
Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните празници. Хотелиерите велат дека најголем дел од гостите се од соседните земји и тоа од Србија и Бугарија. Цените за тридневен аранжман се движат од 110 до 150 евра по лице. Од хотелите Метропол и Белви велат дека многу се задоволни од продажбата на аранжманите во овој хотелски комплекс. Кај нив капацитетите се исполнети речиси 100%. Најголемиот дел од гостите се странци кои имаат резервирано тридневни или четиридневни аранжмани, а само 120 лица имаат резервирано само за дочекот на новата година кој чини 27 евра. Во цената е вклучено…
Oхридското даночно одделение на Управата за јавни приходи од 1-ви јануари 2015-та година, ќе работи со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота. Освен во Охрид, продолжување на работното време ќе има и во сите останати одделенија на УЈП.Причина за оваа одлука е совпаѓањето на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, па така, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите ус…
Отекс, Лихнида, Застава, Емо, Братство, Езерка. Ова се само дел од погоните на некогашните индустриски гиганти од градов кои се наоѓаат на регистарот на Агенцијата за странски инвестиции, а кои се нудат на потенцијалните инвеститори како можност за браунфилд инвестиции. Новонајавената инвестиција на германската компанија „Костал“, како и почнувањето со работа на ОДВ електрик исто така во постоечки објект, според директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, е само реализација на идејата за искористување на постоечките капацитети кои за жал во моментот не фу…
Охридското пензионерско здружение во посета на одделението за геријатрија при Општа болница Охрид. Традиционално во очи на претстојните празници, вештите раце на пензионерките направија различни домашни специјалитети како комат, штрудла питулици, ванилици, и ги поставија на трпезата на геријатрија за да ги вкусат пациентите. Годинава охридските пензионери покрај визита на пациентите, беа во посебна мисија, да ги видат условите на геријатриското одделение, како и тоа да дознаат до каде е реализацијата на идејата за проширување на истото.„Ги видовме условите тие се подолго време такви како шт…
Трета година по ред ОО на Црвениот Крст од Охрид во соработка со Локалната самоуправа за 150 семејства обезбеди ручек и новогодишни пакетчиња за децата од социјално ранливите категории. Заменик градоначалникот Ангел Јанев рече дека ваквите манифестации нема да престанат, но, се надеваат дека наредната година на оваа софра ќе седнат помалку луѓе од социјално загрозените семејства.„2015 година веќе ќе одиме со најавите кои што ги имаме од државно ниво дека еве во тирз зоната како што реков најавено е две огромни фирми ќе отворат 2000 – 2500 места за вработувања. Јас верувам во таквите најави …
На ревијата која се одржува под покровителство на СЗПМ учествуваа околу 100 фолклористи, музичари и рецитатори од ЗП Дебар и Центар жупа , Кичево, Македонски Брод, Гостивар , Охрид и Дебрца и домаќинот Струга. Учесниците на ревијата од 8-от западен регион во името на градот домаќин ги поздрави Милорад Трпоски , претседател на ЗП Струга.
Со поздравни зборови на фоклористите и гостите ревијата за отворена ја прогласи претседателката на сојузот на пензиониери на Македонија Станка Трајкова, која на крајот на ревијата на претседателите на ЗП , учесници на ревијата им врачи благодарници.
Републ…
Верниците од Католичка вероисповед денес го празнуваат христовото раѓање по грегоријанскиот календар. Во католичката црква „Св Кирил и Методиј“во Охрид синоќа , на Бадник, се одржа вечерна миса на која присуствувал меѓу верниците и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, а денес се празнува Божиќ.„Ние го славиме Божик , овој празник е еден од најгоемите радсони празници во Христијанската вера. На овој празник се роди Исус Христос во мала пештера за да донесе мир во човекот, напатен со немири и омрази, Исус се насели меѓунас д абиде со нас и д адонес емир. Поракат ее д адонесе мир к…