Институциите немаат евиденција на куќи кои се во фаза на распаѓање во стариот дел на градот. Објектите опасни се за минувачите, а штета прават и на соседните куќи кои се во нивна непосредна близина. Не само што не се знае точниот број на објекти туку спорни се и наделжностите кој треба да ги сруши ваквиет објекти. Според Законот за прогласување на Старото градско јадро за споменична целина сега се добива впечаток дека ингеренциите не се точнопрециизрани. Од Завод и музеј велат дека дозвола за рушење се издава според пропишан режим ако станува збор за објект ставен под поединечна заш…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување пари“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.П. (24) од Охрид. На 22 ноември минатата година, пријавениот на негов пријател кој работел како ноќен чувар во кафе бар, му дал банкнота од 100 американски долари со цел да ја размени за денари. Настанот се случил во 04 часот кога пријавениот кој бил со уште три други лица, го забележал ноќниот чувар во кафе бар лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид. Со образложение дека имал долари што сакал да ги размени бидејќи му требале денари да ја плати сметката во друг у…
Засега ништо од ветувањата за конечно разрешување на ситуацијата со вработените во некогашниот охридски гигант ЕМО. Денес тие по четврти пат, со транспаренти во рацете одржаа мирен протест низ неколку охридски улици во обид уште еднаш да го свртат вниманието кон проблемот со 40 неисплатени плати и придонеси. Тие велат дека информациите дека 80 проценти од фабриката работи, се неточни, а наместо тоа, во АД ЕМО 6 месеци нема струја, греење, ниту пак обезбедена работа.„На 5ти март бевме повикани во Владата на Република Македонија. Не прими премиерот Никола Груевски. Најверојатно сакаше од прва…
Пред охридските советници по втор пат ќе се најде Предлог одлука за исплата на долгот на ОУ Григор Прличев кон ЕВН за потрошена електрична енергија. На ова ОУ, повторно му се заканува исклучување од електрично напојување заради 4 неисплатени сметки. Директорката Силвија Мојсоска потврдува дека училиштето од ноември месец не ги има подмирено сметките, кои просечно изнесуваат околу 400.000 денари за потрошена струја по месец.
Основното училиште подолго време се соочува со блокирана жиро сметка, заради судско извршно решение. Решението е за експроприрано земјиште, за кое се повел судс…
Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид има долг од 34 000 евра. Според податоците од Државниот завод за ревизија студентските домови во државава се во големи долгови. Во споредба со останатите сепак состојбата во охридскиот дом е најрозова. Тој е најдолу на листата на сите домови според заостанатиот долг што го има. Директорот Марјан Ристески вели дека сликата која е дадена во извештајот на Државниот завод за ревизија не е реална и објаснува за што станува збор.Не се работи за долг кој го има државниот студенски дом туку се работи за неподмирени трошоци кои се во валутен рок. Во таа сума …
Реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ предзвикува револт кај граѓаните кои живеат на тој потег. Секојдневно се соочуваат со застој, непроодност, механизаација која им ги блокира приодите до домовите, проблеми со водоснабдувањето.
Последниот инцидент се случи вчера попладне кога камион ја блокираше улицата без никакво известување, не информираа граѓаните. Еден саат жителите и минувачите немале никаков приод, а возачот одбивал да го тргне камионот.
„Навистина не е фер ова. Една година тука ми живее зетот идам преку 50 пати да чекам вака со саати. Никако не можам да излезам ни напред ни н…
Патронажните сестри посетиле 120 лица во руралните средини во Охрид и Дебрца. Од почетокот на акцијата 5 март досега се прегледани овие лица во руралните средини, информира в.директорката на Здравствен дом, д-р Катерина Димитрова. Проектот е во рамките на „Здравје за сите“, кампања на ресорното министерство. „ Посета се врши на стари и изнемоштени лица кои тешко имаат пристап до здравствениот систем. Патронажните сестри со возила на Здравствен дом со претходно најава се договараат за терминот на посетата па тогаш и ја прават посетата, посочува д-р Димитова. За реалиција на посетите…
Тие се секогаш насмеани, со исти потреби да бидат сакани и прифатени. Потребна им е поголема поддршка од општеството и да бидат признаени како еднакви без дискриминација врз основа на попреченост. Лицата со Даунов синдром неизмерно и несебично ја даруваат својата љубов. Денес на 21 март Светскиот ден на лицата со Даунов синдром барем за миг треба да се запрашаме дали правиме доволно како поединци и општество за нив.
Нашата сограѓанка Анастазија е весело и комуникативно дете, сака музика, зборува шпански, не се плаши од вода, го сака езерото. Секогаш е насмеана и ведра. Не бега од обврски…