Апр 14, 2015

ЈП „Градски пазар“ даде отчет

Отчет даде и ЈП „Градски пазар“. Директорот Тони Коталески денес пред новинарите зборуваше за се она што е сработено во изминатите две години. Започна како што рече со најзначајниот и најкапитален проект, а тоа е изградбата на нов затворен зелен пазар. Уште еднаш потенцира дека е избран приватен партнер односно изведувач и рече дека изградбата на пазарот ќе започне наскоро. На прашањето каде привремено ќе биде сместен пазарот додека траат градежните работи не даде конкретен одговор.Сеуште не знаеме каде привремено ќе биде сместен градскиот пазар додека се гради новиот современ зелен пазар. …

Јун 21, 2021

Георгиески, Мерко и Џаколи во Поградец го одбележаа Денот на Охридското езеро

Планот за управување со Охридскиот регион, дивоградбите и еколошките проблеми беше една од темите на која тројцата градоначалници на општините Охрид, Струга и Поградец денес разговараа во рмамките на одбележувањето на Денот на Охридското езеро. На средбата, која годинава се одржа  во Поградец се разговараше и за тековната соработка, но и   заеднички туристички пакет „Две земји, три градови една турисстичка дестинација“. Според охридскиот градоначалник потребно е обединување на трите општини долж крајбрежјето  за доследно спроведување на Планот за зачувување на  статусот на УНЕСКО. Таков пл…

Апр 14, 2015

Живеј здраво, живеј безбедно

Продолжуваат активностите за одбележувањето на светскиот ден на здравјето. Под мотото „Живеј здраво, живеј безбедно“, денес на градскиот плоштад, сите основци од Охрид  со низа активности се приклучија кон одбележувањето на светскиот ден.„Ова се дел од активностите кои овде не завршуваат тие се постојани најмалку еднаш до два пати во неделата од отсекот за превенција од Црвениот крст и од Локалната самоуправа заедно со Советот на родителите со директорите и родитлите во ОУ има постојани едукативни работилници и предавања во насока на безбедно и сигурно училиште од една страна а од друга стр…

Апр 14, 2015

Охриѓани не добија електронски водомери

Охриѓани не добија електронски водомери. Проектот за замена на стари водомери со нови за далечинско отчитување не се реализира во Охрид. Целта на проектот беше граѓаните секогаш да добиваат точни а не паушални сметки за потрошена вода, навремено детектирање на аномалии во водоводниот систем , кражби на вода и дефекти. Инкасаторите не требаше повеќе да влегуваат во домовите туку со посебен апарат состојбата на броилото да ја отчитуваат од далечина од 200 до 300 метри. Нови електронски водомери од почетокот на проектот во градов биле инсталирани само во една зграда, открива за ТВМ, раководит…

Апр 14, 2015

Правните лица сметките за вода ќе ги добиваат по електронски пат

Од неодамна МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид воведе електорнска достава на фактурите за правни лица. Од јавното претпријатие велат дека  доставата, првенствено, ќе се врши на службените е-маил адреси преземени од Централен регистер на Македонија.Корисниците на услугите, должни се да дадат изјава за согласност за електронска достава на фактурите, која ќе биде доставена заедно со фактурата за месец март 2015 и фактурите за месеците што следат. Истата може да се пополни во дирекцијата на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид како и во наплатните центри „Трудбеник” и „Корзо”.{loadposition content9}

Апр 13, 2015

Труењето на бездомните кучиња, опасно и за човекот и целата околина

Труењето на бездомните кучиња опасно за човекот и околината исто колку што е опасно и за самите кучиња. Од здружението за заштита, помош и вдомување на животни, „Анималиа“ алармираат дека пестицидите кои најчесто се користат за ова нехумано постапување со кучињата, а кои многу лесно и сосема легално можат да се набават во земјоделските аптеки се исклучително опасни и за човекот, и за околината. Труењето на бездомните животни и на миленичињата и опасноста од расфрлање отрови на јавни површини се сериозни проблеми со кои граѓаните многу често се среќаваат. „Огромна опасност постои не само за …

Апр 13, 2015

Празничен ручек за пациентите на геријатрија

Големиот христијански празник Велигден весело се одбележа и на одделението за геронтологија при општа болница Охрид. Нашите иселеници од здружението „Св Наум Охридски“ од Мелбурн, Австралија пациентите од ова одделение ги почестија со богат празничен ручек. Атмосферата ја развеселија членовите на ансамблот Билјана Јуниор. Инаку соработката со Австралиското друштво постои многу одамна нагласува Лазар Стојчески, главниот медицински техничар. Тој додава дека редовно добивале помош од нашинците од Австралија посебно на геријатриското одделение. Ова здружение од Мелбурн има доста донирано во наш…

Апр 13, 2015

Ќе се гради нов павиљон од геријатриското одделение

На повидок е изградбата на новиот павиљон од геријатриското одделение при општата болница во Охрид. Директорот Љубен Арнаудов вели дека во тек е изготвувањето на проектната документација. Години наназад и општината и болницата се борат за проширување на ова одделение каде се сместени стари и изнемоштени лица.Се соочуваме стварно со голем  проблем и етички и медицински и морален. Геријатриското одделение вакво какво што е е планирано за некои стандарди кои важеа пред 20-30 години. Условите воопшто не одговараат на денешните стандарди, вели Арнаудов.Денес стандардите налагаат во една соба да …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top