Апр 23, 2015

Совети за идната кариера за средношколците од ЕМУЦ во отворениот кариерен центар

Средношколиците од електромашинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски“ од денес ќе добиваат совети за нивната професионална наобразба, и помош при изборот на нивните идни професии во рамките на нивното училиште. Во присуство на градоначалникот, Никола Бакрачески, директорот на канцеларијата за развој при УСАИД Македонија, Мајкл Стиватер како и директорот на училиштето Јане Цаноски, професори и ученици, беше свечено пуштен во употреба кариерниот центар. Според директорот на училиштето, со отворањето на овој кариерен центар ја добиваат можноста правилно да ги насочат идните животи на своите …

Апр 23, 2015

Охридските средношколци повторно на улица

Охридските средношколци повторно на улица. Тие со скандирање и транспаренти по втор пат упатија јасна порака до министерот за образование: „Нема да дозволиме да продолжи игнорантскиот однос кон нас, долго сме игнорирани и нема да дозволиме тоа да се случи и во иднина“. Претставници на Средношколскиот пленум од Охрид денес на градскиот плоштад прочитаа соопштение преку кое дирекно се обратија до министерот Абдулаќим Адеми. Единствено што бараме е дијалог, со цел да се изнајде решение, кое ќе биде прифатливо за двете страни, велат од пленумот.„Ние по втор пат излегуваме на улица да го искажим…

Апр 23, 2015

Одбележана 110 годишнината од погибијата на војводата Христо Узунов

Охрид го одбележува 24 април датумот на погибијата на војводата Христо Узунов. Оваа година се одбележуваат 110 години од неговата херојска смрт во Цер. Христо Узунов и комитите од неговата чета си ги одземаат животите и  не се предваат живи на турискиот аскер.  Денес во спомен куќата на Христо Узунов се одржа историски час за ликот и делото на војводата Узунов. Историчарот, професор Наташа Котлар Трајкова потсети на идеалите и борбатат на војвода кој бил дел од Македонската револуционерна организација чија девиза била Македонија на македонците. Христо Узунов е чедо на македонскиот народ, го…

Апр 23, 2015

Фатен кичевчанецот кој оперирал во Слатино

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(52) од кичевското село Туин. Во пријавата опфатени се уште едно, засега непознато лице за чие пронаоѓање се преземаат дополнителни мерки и Д.А.(40) од селото Долно Страгомиште-кичевско, за сторено казнено дело „помагање“. Него одредена му е мерка притвор во траење до осум дена. На 21 овој месец околу 23 часот, тројцата пријавени, во казино во Кичево направиле договор да одат во охридското село Слатино и да извршат кражба. Притоа првопријавениот А.А. на третопријавениот Д…

Апр 23, 2015

Мала надеж за подобро утре на Линдита

После сторијата на ТВМ за Линдита Рамадан, девојчето со церебрална парализа која живее во лоши услови, стручните работници од охридскиот Центар за социјална работа утрово биле во посета на семејството Рамадан. Како што информираше директорот Екрем Каљоши, на лице место била согледана нивната состојба, од страна на неговите служби и се договориле во понеделник таткото на Линдита да поднесе во Центарот барање за остварување еднократна парична помош како и да ги разгледаат можностите за остварување право на социјална помош. Каљоши категоричен дека согласно Законот, на Линдита не и следувал над…

Јун 22, 2021

ДЕНОВИ НА БАЛКАНСКАТА КУЛТУРА, ТРАДИЦИЈА И УМЕТНОСТ ВО ОХРИД

Вчеравечер на летната сцена „Долни Сарај“ по четврти пат се одржа Интернационалниот фестивал „Денови на Балканската култура, традиција и уметност во Охрид“ поддржан од општината Охрид и Амбасадата на Бугарија во Република Македонијa. На настанот присуствуваше и свое обраќање имаше градоначалникот Константин Георгиески. – Ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име и во името на Локалната самоуправа да ве поздравам и да го означам почетокот на овој културен настан, кој има за цел да ги поврзе и обедини балканските народи, во насока на зачувување и негување на нематеријалн…

Апр 23, 2015

„Мобилно 3D кино“ во Охрид

Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе организира прва дигитална 3D филмска проекција.Мобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3D и 2D филмски остварувања.За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни BARCO 2K дигитални проектори со сервери и DEPTH Q 3D модулатори со 3D очила, како и DOLBY CP 750 аудио процесор со JBL звучници.Цената на влезниците ќе изнесува 150 денари за 2D проекции и 200 денари за 3D проекции!-“Зошто не го изедов татко ми”- аним…

Апр 23, 2015

On-line плаќање на радиодифузна такса

Користејќи ги електронските услуги е-Радиодифузна такса, УЈП овозможи електронско плаќање и проверка на состојбите за Радиодифузна такса, од кое било место и во секое време. Регистрацијата за е-РДТ е едноставна и бесплатна, а единствено што е потребно е пристап до интернет и е-пошта.Постапката на регистрација за електронските сервиси за РДТ е бесплатна за граѓаните. Не е потребен дигитален сертификат. На физичките лица-обврзници на РДТ кои се регистрирани во системот за е-Даноци со дигитален сертификат, без дополнителна регистрација, само со дополнување на податокот за интерна шифра од МРТ …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top