Секој со свој коктел денес во кафе-барот „Ликвид“ во Охрид, триесет бармени од целата земја зедоа учество на осмото по ред Државно првенство на Македонија. Во борбата за титулата тие се претставија во две категории, класична подготовка на коктели и флертендинг. Првата категорија подразбира претставување на натпреварувачите со свои авторски коктели чија техника на приготвување, изглед, вкус и арома ги оценува стручна комисија составена од експерти од земјата и од странство. Во втората категорија, учесниците исто така ќе се претстават со свој авторски коктел, што ќе го приготвуваат со акробац…
Инфективна, медикаменозна, поленска, неурогена астма, се само дел од видовите на ова хронично заболување на дишните патишта кое предизвикува проблеми при дишењето. Класични симптоми се недостиг на воздух, визинг, стегање на градите. После заминувањето во пензија на д-р Љубица Андонова, која што ги постави темелите на алергологијата во Општа болница Охрид, со посебно залагање на првиот човек на болницата Д-р Љубен Арнаудов почна да работи кабинетот за респираторна алергологија во рамки на одделението за пнеумофизиологија, вели Д-р Славица Петрова. Таа нагласи дека астмата најчесто се дијагн…
Локалната самоуправа распиша оглас за изработка на физибилити студија за малото пристаниште. Според одлука на Советот, Локалната самоуправа на руинираното пристаниште ќе гради угостителски објект. Претходно за градење на овој простор интерес пројавиле две сериозни компании, информираа од општината. Во февруари годинава, на оваа постапка и претходеше избор на идејно решение за изгледот на пристанишетето. „ Тоа ќе биде современо идејно решение. Ние во изминативе години неколку пати го прикажувавме во јавност им се допадна на граѓаните и заинтересираните кои сакаат да го видат кејот на …
Како правен субјект кој стопанисува со јавниот градски простор на територија на општина Охрид, ЈП „Биљанини извори“ утре и задутре како дел од оперативниот план за подготовка на јавниот паркинг простор пред туристичката сезона ќе изврши обележување на паркинг местата низ градот.Во среда, 6-ти мај, ќе с еобележуваат паркинг местата на „Кеј Македонија“ ( кружно ) и „Македонски Просветители“ од кружното до пресекот со улица „Партизанска“. Во четврток, 7- ми мај, обележувањето ќе продолжи на ул. „Македонски Просветители“ од пресекот со ул. „Партизанска“ до пресекот со бул. „Туристичка“.Плано…
Од 22-25.04.2015 г. во Скопје се одржа Државен натпревар на млади музичари 2015, во категориите пијано, виолина, солфеж, хармоника, флејта и кларинет.Младите музички таленти од Основното Музичко Училиште „Методи Патче“- Охрид освоија 17 први награди од кои 2 специјални први, 3 втори, 4 трети награди и 1 диплома за учество.Уште еднаш се потврди дека OМУ „Методи Патче“ е на врвот на музичките училишта во Р. Македонија, учениците го поседуваат талентот, имаат желба да работат, а нивните ментори несебично вложуваат во нив и секако успехот е неизбежен. Кристина Љушкоска –флејта и Џеврије Туле…
Корисниците на социјална парична помош кои што имаат обврска еднаш месечно да се јавуваат во Центарот за социјална работа во Охрид, тоа да го прават на Ул.„Димитар Влахов“ во зграда наспроти Маларична, во просториите на Одделението за детска заштита.Причина за оваа иземна за се реноваторските зафати во центарот, кои ќе траат извесен период, информира директорот Екрем Каљоши.{loadposition content9}
Во текот на последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, при што се регистрирани 13 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство.
По градови:
• Скопје и Тетово по 3• Охрид и Кичево по 2• Куманово, Прилеп и Струмица по 1
Не се регистрирани нови починати лица.
Регистрирани се 31 оздравен пациент од:
• Скопје 14
• Кичево 4• Прилеп 3• Куманово, Битола и Кочани по 2• Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Кратово по 1
Досега во земјата се направени вкупно 859.226 тестирања на COVID-19.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот …
Со плански типизирани предавања, СВР Охрид ја продолжува реализацијата на проектот „Превенција од зависности“. Денес, на тема „Борба против дрога“, полициски службеници-едукатори ќе остварат видео презентации и разговори со учениците од основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, утре во подрачното основно училиште во населбата Рача како и во основното училиште „Григор Прличев“. Во текот на оваа недела, слични наменски предавања и видео презентации, СВР Охрид ќе оствари во основното и во подрачното основно училиште „Братство“ во Охрид.СВР Охрид, преку оделението за превенција во континуит…