Тече оглас за физибилити студија за изградба на малото пристаниште

Тече оглас за физибилити студија за изградба на малото пристаниште.

 |  Валентина Неловска  | 
пристаниште
пристаниште

Локалната самоуправа  распиша оглас за изработка на физибилити  студија за малото пристаниште. Според одлука на Советот, Локалната  самоуправа на руинираното пристаниште  ќе гради угостителски објект. Претходно за градење на овој простор интерес   пројавиле две сериозни компании, информираа од општината. Во февруари годинава, на оваа постапка и претходеше избор на идејно решение за изгледот на пристанишетето.
пристаниште
„ Тоа ќе биде современо идејно решение. Ние во изминативе години неколку  пати го прикажувавме во јавност им се допадна на граѓаните и заинтересираните кои сакаат да го видат кејот на Охрид уреден “, рече Бакрачески.

Во идејното решение за изградба на угостителскиот објект и информативниот пулт дозволени се минимални отстапувања. Димензиите не смее да го нарушуваат просторот и  површината треба  да остане иста. По изработка на физибилити студијата ќе се знае начинот на кој ќе се гради угостителскиот објект.Тогаш ќе се дефинира дали тоа ќе биде  по пат на приватно јавно партнерство или со концесија, посочува градоначалникот Никола Бакрачески.

пристаниште„ По завршувањето на физибилити студијата ќе се објави оглас врз основа на која заинтерсираните ќе може да се пријавуваат за еден таков објект кој сметаме дека по завршувањето на летната сезона,  а според пројавениот интерес, треба да почне со реализација“, вели Бакрачески.
 
За крајбрежјето е валиден деталниот урбанистички план донесен во  22 мај 2001 год. Но додека се чека изградба на објектот,  малото пристаниште  ќе преставува опасност псоебно за туристите. Во вечерните часови нема осветлување, а нема ни  информативна табла која ќе предупредува.
Во жешките летни денови и децата често го користат како капалиште. Локалната самоуправа иако пред неколку години ветуваше  поставување препреки заради неговата опасност сега се  оградуваат од надлежност. Надлежна  за малото пристаниште  ја посочуваат Капетанија. Горан Устијаноски, пак  капетан на Капетанијата на пристаништа на Р. Македонија, негира дека капетанија има било каква  надлежност за малото пристаниште.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top