Расте бројот на заболени од астма

Расте бројот на заболени од астма. Таа е болест која не се лекува, но со соодветна терапија може да се контролира. Загадувањето, пестицидите, храната, се клучните фактори кои придонесуваат за зголемување на бројот на заболени од астма. Денес се одбележува светскиот ден на ова заболување од мотото „Можете да ја контролирата астмата“.

 |  Николоска Биљана  | 
alergensi

alergijaИнфективна, медикаменозна, поленска, неурогена астма, се само дел од видовите на ова хронично заболување на дишните патишта кое предизвикува проблеми при дишењето. Класични симптоми се недостиг на воздух, визинг, стегање на градите. После заминувањето во пензија на д-р Љубица Андонова, која што ги постави темелите на алергологијата во Општа болница Охрид, со посебно залагање на првиот човек на болницата Д-р Љубен Арнаудов почна да работи кабинетот за респираторна алергологија во рамки на одделението за пнеумофизиологија, вели  Д-р Славица Петрова. Таа нагласи дека астмата најчесто се дијагностицира при откривање на алергиските заболувања.

„Почнува при контакт со одредени алергени, пациентите чуствуваат тегоби со дишењето. Астмата е хронично воспалително заболување на дишните патишта и сеуште претставува енигма да се дијагностицира и лекува. Во Охрид веќе неколку години работи астма центарот при интерно одделение и имаме зголемен број на асма болните и подобрен квалитет на лекување кај болните со спроведување на инхалаторната терапија“ – вели д-р Петровска.

alergensiПокрај навремената дијагностика на астмата, потребна е и редовна контрола, бидејќи имаме алергиска и не алергиска астма, вели д-р Петровска. Тоа е важно заради терапискиот пристап на асмата, додава таа.

„Треба да се воспостави добра терапија на астмата и добра контрола, тоа значи редовна доживотна терапија кај востановената дијагноза. Станува збор за дезопструктивна терапија и инхалаторна со спрејови која е многу позната кај населението. Исто така кај одредени пациенти се вклучува и имуно терапијата бидејќи во механизамот на асмата има и имунолошка компонента, така да терапијата е комбинирана – појаснува д-р Петровска.

Болеста се јавува во епизоди, т.е. акутните влошувања на болеста се менуваат со периоди во кои нема симптоми на астма. Токму поради тоа треба да се подигне свесноста кај пациентите кои боледуваат од асма за редовни контроли во астма центрите дури и кога немаат проблеми, нагласува Петроска. До астматични напади доаѓа и при влошување на воспалението, вообичаено поради тоа што во непосредната околина е присутен некаков иритирачки или провокативен фактор, додава таа. Инаку, денес е светскиот ден на астмата. Во светот околу 300 милиони луѓе боледуваат од астма. За жал како што нагласи д-р Петровска повеќе ги знаеме податоците од светско ниво бидејќи кај нас сеуште се изработува регистарот за болни од астма. Таа нагласи дека ова заболување не треба да се занемари бидејќи ако не се контролира може да заврши и фатално.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top