Водата во градскиот водовод со недели е заматена и секојдневно има прекини во водоснабдувањето. Центарот зајавно здравје направи анализи и констатира дека матноста на водата е зголемена вон границите на дозволеното на мерните места СОУ „Нико Нестор“ и детска градинка „Сонце“.
Известена е инспекцијата и водата не се препорачува за пиење. Стружани се жалат во време на пандемија не можат да одржуваат хигиена. Вода купуваат и запиење.
„Во Струга немаме вода од 22 до 06 часот. Нема водарешението друго е она што треба да се скрати да не оди голема вода воиндустрската зона треба вода да има за п…
Општина Охрид ги врачи Св.Климентовата награда за животно дело и повелбите за особени заслуги. Професор д-р Вера Битракова Грозданова ја прими наградата за животно дело. При тоа во своето кратко обраќање кажа дека наградата не е само чест туку подарок за многу години поминати во истражување на минатото на Охрид и околината, Струга и Преспа. Ова го чувствувам како Божји дар, рече проф. д-р Битракова Грозданова.
„Св Климент не само што е патрон на градот и на Македонија, тој е во мислите на охриѓани. Со векови како една длабока традиција вкоренета во душите, прославите, црквите во молитвите….
Вработените во јавниот сектор, локалната самоуправа и во сите државни институции треба да покажат потврда дека имаат примено барем една доза вакцина за да одат на работа предлага Комисијата за спречување заразни болести, како мерка против ковид-19, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тие што не се вакцинирани, а работат во јавната администрација ќе треба еднаш неделно да прават ПЦР тестирање, но на своја сметка. Како важечки документ ќе се земе и доказот за прележаност на вирусот во последните 45 дена, сметано од денот на оздравувањето. Луѓето, пак, кои заради здравствени…
Викендов на стрелиштето „Бејбунар“ ќе се изведува боево гаѓање.
„Се молат граѓаните доколку, во овој временски интервал се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници“, се вели во соопштението од стрелиштето „Бејбунар“.
Гимназијата Св. Климент Охридски го одбележа патронатот на школото. Се случи ковид кризата која меѓу двата патронати ни го промени начинот на работа со далечинско учење. Наместо во училиште наставата се одржува од дома, според националната платформа, но успешно се вклопивме во новиот начин на работа и учениците и професорите, информира Весна Цветкоска директор на СОУ Св Климент Охридски.
„Многу успешно се снајдоа во таа ситуација посебно од 1 октомври од кога започна новата учебна година кога се вклучивме без поголемни проблеми на Националната платформа во наставата и успешно се реализира…
Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на на својот патрон Свети Климент Охридски Чудотворец. Првиот македонски архиепископ, во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа, исто така е најзначајниот средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, црковно,просветно, книжевно и.т.н. тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.
Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Дваесетина годи…
Според евиденцијата од Одделот за издавање во категоријата деца и млади ласкавата титула Најчитател и’ припадна на Ања Стефаноска. Таа е осмоодделенка во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид и вели дека покрај задолжителните лектири доаѓа во библиотеката и чита и белетристика од домашни и странски автори.
Охриѓанката Десанка Коцарева – Беба е пензионерка и денеска ја прогласивме за најредовен и најчитател во одделението за возрасни. Таа вели дека без книга не може и дека чита од како знае за себе. Можеби патот од нејзиното родно Берово до Охрид може да се покрие со книги кои таа досега ги прочитала…
Во завршна фаза се градежните активности од проектот за реконструкција на улицата „Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улица „Момчило Јорданоски“ до пресекот со улицата „Прва Македонска ударна бригада“ кај „Стобекс“.
Деновиве беше поставен завршниот асфалтен слој на коловозот, а претходно се изведуваа работни активности за поставување на нови рабници и поплочување на пешачката патека од едната страна на улицата. Во текот на наредниот период планирано е поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација.
Проектот за реконструкција на оваа улица беше дел од овогодине…