• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Стружани во сабота на протест во знак на револт поради проблемите со водоснабдувањето

Стружани во сабота на протест во знак на револт поради проблемите со водоснабдувањето

Водата во градскиот водовод со недели е заматена и секојдневно има прекини во водоснабдувањето. Центарот зајавно здравје направи анализи и констатира дека матноста на водата е зголемена вон границите на дозволеното на мерните места СОУ „Нико Нестор“ и детска градинка „Сонце“.

 |   | 

Водата во градскиот водовод со недели е заматена и секојдневно има прекини во водоснабдувањето. Центарот зајавно здравје направи анализи и констатира дека матноста на водата е зголемена вон границите на дозволеното на мерните места СОУ „Нико Нестор“ и детска градинка „Сонце“.

Известена е инспекцијата и водата не се препорачува за пиење. Стружани се жалат во време на пандемија не можат да одржуваат хигиена. Вода купуваат и запиење.

Во Струга немаме вода од 22 до 06 часот. Нема водарешението друго е она што треба да се скрати да не оди голема вода воиндустрската зона треба вода да има за пиење“, вели еден стружанец.

Имаме проблем со водата, сме околу Дримот а воданемаме, посебно навечер. Од 22 до наутро нема вода, истотака ни имаат кажано дека водата не е чиста, не пиеме водаод чесма. Купуваме вода за готвење, за пиење, полниме од реката за да миеме скали, вели едена стружанка.

Во повисоките спратови од зградите е мал притисокот и навечер нема вода. Водата не верувам дека е исправна“, вели една стружанка.

Надлежните признаваат дека има проблеми соводоснабдувањето во градот на мостовите. Тоа се должи на старата водоводна мрежа,но и загадувањето кај изворите во Шум предизвикано од електраните.

Проблеми има, таква е структурата имногу е стара за тоа немаме средства. Бараме средтсва, имаме тим за проекти и планираме да ги смениме дел по дел тие азбесни цевки. Веќе епочнато тоа е голем проект не можеме сенаеднаш“, вели Дашмир Насуфи директор на ЈП Проаква Струга.

Во сабота стружани ќе го кренат својот глас со масовенпротест во 11часот пред просториите на „Проаква“ Струга.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top