Локалниот Совет за превенција одржа седница на која се дискутираше за мерките што ќе се преземат во пресрет на туристичката сезона во охридско-струшкиот регион. Како што истакна првиот човек на градот Ниола Бакрачески, безбедноста и јавниот ред во Охрид за време на туристичката сезона и тоа како им е важна на сите чинители во туризмот.„После спроведена координирана активност помеѓу сите субјекти за очекување е дека во текот на оваа сезона ќе имаме највисоко ниво на постигнување на ред и мир безбедност и организација на сите предвидени активности кои чинат квалитетна туристичка понуда и задо…
Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид свечено ќе биде затворено 8-то издание на Фестивалот на француски филм во Македонија. За крај љубителите на филмската уметност ќе можат да ја погледнат проекцијата на филмот „Семејството Белие“, во режија на Ерик Лартиго. Имено, оваа проекција е единствена која годинава се прикажува во Охрид.
Како што веќе информиравме свеченото отварање на фестивалот трета година по ред се одржува во Скопје, а не во Охрид, а причините за таквата одлука не се познати. Во изминатите години Фестивалот финансиски беше поддржуван од општина Охрид, од Ми…
Уметнички дела со несекојдневна техника „изгорена хартија“ во Центарот за култура. Некои од најпознатите уметнички дела на современиот италијански уметник Росарио Меле од вчера достапни за охридската јавност. Меле е скулптор, сликар, писател, особено познат во Италија и светот по несекојдневната техника на сликање која самиот ја именувал „изгорена хартија“. Сепак во изработката на сликите не е вклучено никакво горење на хартија, туку станува збор за техника која Меле самиот ја разработил на мешање на посебни африкански бои со восок и потоа нивно изложување на оган. Притоа резултатот кој се …
Охриѓани масовно ќе го одбележат 21ви јуни, Денот на Охридското Езеро. 15 години откако е воспоставен со заеднички сили на претставниците на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Македонија и Албанија годинава по шеснаесетти пат ќе се потсети на значењето на постоењето, но и заштитата на езерото.„Шеснаесет години подоцна се соочуваме со нови предизвици кои произлегоа овие години најмногу за интересот на економски развој на општините од двете страни и кои предизвици ќе бараат од нас дополнителни напори и дополнителни вложувања за да можеме да ја објасниме еколошкат…
Фекалната канализација повторно создава проблеми во градот. Денес, кај некогашниот ресторан Ориент, во близина на чинарот, се ширеше неподнослива реа од шахта која се прелеваше. Не е ништо ново, од канализационите шахти, посебно во градската чаршија, да се шири непријатна миризба, негодуваа минувачите кои ја заобиколуваа шахтата бидејќи околу неа имаше прелеано поголема количина фекална вода.
Директорот на ЈП Нискоградба, Сашо Донев, информира дека уште утрово граѓани го пријавиле дефектот, но нивната екипа не можела да интервенира навреме бидејќи во непосредна близина на шахтата било парк…
Охридските пензионери денес одбележаа значаен јубилеј, 65 години од постоењето на ЗП Охрид и Дебрца. Како што нагласи претседателот на ИО Ѓорги Трпчески, работата на здружението посебно дишла до израз после осамостојувањето на нашата земја, бидејќи презеле многу повеќе активности. Трпчески смета дека здружението значи нешто во охридскиот регион и треба повеќе да им се отстапи простор на локално ниво.„Тоа е во интерес на здружението, општината а и пошироко во земјава. Навистина сме едно почитувано здружение како што кажа претседателот. Постигнуваме резултати и на културен и спортски план се …
Акцијата за бесплатни превентивни прегледи на граѓаните во рамки на програмата „Здравје за сите“, на Министерството за здравство, почна пред два дена и ќе се спроведува до крајот на месецов, во сите здравствени домови или на фрекфентни места во градовите ширум Републиката. Денес ваква акција се спроведе и на плоштадот Крушевска Република кај чинарот во Охрид. Медицинската екипа која беше задолжена од 08 до 11 часот да мери крвен притисок, ниво на шеќер и холестерол во крвта, како и да дава бесплатни совети на граѓаните при топлотен бран, задоволна од одзивот.„Од сабајлево имаше многу голем …
Од направениот утрински увид на терен за комуналната хигиена низ градот, екипите на ЈП Охридски комуналец констатирале лоша слика во разни делови од градот. Оставени, покрај контејнерите, каде што не им е место се одложувани кабаст, зелен отпад и градежен шут. Тоа особено е изразено после викендите, в понеделник, кога не само охриѓани, туку и сопствениците на викенд становите преуредуваат или се ослободуваат од она што не им е потребно, информира Стевчо Маслов од јавното претпријатие.
„Очајна е состојбата во делот на Далјан, Воска, Градска плажа. Комунален отпад беше подиган и се соочи…