Јун 29, 2021

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го обезвредни целокупното досегашно залагање на локалната власт

„Денешното штуро соопштение на ОК ВМРО ДПМНЕ е еден мизерен и очаен обид за обезвреднување на целокупното досегашно залагање и посветеноста на локалната власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески и СДСМ. Се лажете доколку мислите дека со искажување на вакви манипулативни констатации и лични навреди ќе можете да постигнете политички поени, затоа што граѓаните добро знаат што е вистинска работа и што е вистинско залагање за подобрување на катастрофалните состојби во Охрид кои ги остави токму вашето ВМРО ДПМНЕ по 11 годишното владеење. Смешно и крајно нејасно е да обвинувате за…

Јул 8, 2015

„ОДВ“ и „Костал“ најавени како спас на охридската економија

Отпочнувањето со работа на „ODV-ELEKTRIK“ во индустриската зона „Охрид-Струга“ и Автомибилскиот гигант „Костал“ во еден од погоните на „ЕМО“се очекува да бидат спас на локалната економија во нашиов град.  Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека наскоро треба да започнат градежните работи во индустриската зона „Охрид-Струга“ на новите производствени погони на „ODV-ELEKTRIK“, каде веќе се вработени 75 лица.„Во овој момент тече постапка за ангажирање на уште десеттина лица, а на 24-ти јули според најавите на менаџментот на „ODV-ELEKTRIK“ ќе започнат градежните работи во индустриската зона …

Јул 8, 2015

Уреден дел од новата пешачка патека во Охрид

Дел по дел се гради новата современа пешачка патека. Охриѓани и бројните туристи кои во моментов престојуваат во туристичкиот бисер ќе можат да уживаат во новоизградената пешачко-велосипедска патека, која планирано е да се протега од каналот Студенчишта до хотелот Парк, паралелно со езерската линија. Во фази, но според одредена динамика, ќе се гради патеката која има презентативен лик на најдобра пешачка во градов и пошироко, барем според коментарите од јавноста кои досега стигнаа на наша адреса, вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.„Досега се реализирани 210 метри односно една …

Јул 8, 2015

Бакрачески: Градот презема стратегија за справување со белите пеперутки

Граѓаните загрижени од појавата на белата  ноќна пеперутка во Охрид. Се почесто има реакции на граѓани кои тврдат дека добиле алергиски рекации од  овој вид инсект. Од охридскиот Центар за јавно здравје, епидемилогот др.Јoвaнка Стурлакова Корoвешоска пoсочува дека од добиената информација  од  ентемологот од Природно математичкиот факултет  и од  Земјодeлскиот факултет станува збор за ноќна пеперутка жолтомеска, која во литературата позната како дефолијатор. Таа често се појавува во Македонија, но има одредени периоди од годината кога доаѓа до нејзино пренамножување како што е моменталниот …

Јул 8, 2015

Рача, ново предградие на Охрид

Населбата Рача станува предградие на Охрид. Во моментов екипи на „Македонија Пат“, во соработка со ЈП „Нискоградба“ Охрид и „Градски гробишта“ работат на уредување на просторот на раскрсницата на влезот од Рача, како што обелодена директорот на Македонија пат секција Охрид Крсте Ташкоски.„Моментално правиме подготовка за асфалтирање на раскрсницата на регионалниот пат Охрид-Св Наум, при крај сме, од ЈП ја градат пешачката патека за влез на плажите и ЈП Градски гробишта поставуваат бекатони на островчињата па и кружниот тек се надеваме дека ќе биде готов утре, со тоа се надеваме дека ќе се з…

Јул 7, 2015

Иванден и моќта на лековитите билки

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, празникот посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител. Ритуалите со билките претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак исто така се остаток од старите словенски верувања, вели за телевизија ТВМ,  билкарот Чедо Андрески. „За Иванден претежно се собира Ивано цвеќе, кое се реди меѓу алиштата, кое е корисно против молци. За иванден останато е од нашите предци, кантаријата и цветот на ајдучката треба се ставаат во масли…

Јул 7, 2015

И оваа сезона без јавни тоалети во Охрид

Туристите кои го посетуваат стариот дел на Охрид се соочуваат со проблемот на немањето јавни тоалети. Дека постојат вакви објекти, туристичките водичи не паметат уште од времето на стара Југославија, како што нагласи претседателот на  здружението на туристички водичи „Кеј“ Охрид, Климент Наумов. Тој додаде дека со локалната власт по два пати во годината се среќаваат, и на секој состанок го актуелизираат овој проблем, но досега нивните преговори не вродиле со плод.Ние како туристички водичи ставени сме во вкрстен оган, се наоѓаме на фронтовска линија помеѓу нашите гости кои ги шетаме низ гра…

Јул 7, 2015

Се е подготвено за јубилејното 55то издание на фестивалот Охридско лето

Се дотеруваат последните финеси пред почетокот на јубилејното 55то издание на нашата најреномирана културна манифестација, фестивалот Охридско лето. Директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска вели дека сите сцени на кои ќе се играат прекрасните театарски претстави, на кои ќе се изведуваат некои од најзначајните светски музички дела се подготвени да ги примат изведувачите, но и верната публика која од година во година го следи фестивалот. „Ние сме кон крајот, односно завршени. Уште вчера сцената на Долни Сарај потврди дека е готова бидејќи е освежена. Антички знаете дека даските се к…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top