Од Дебарско-кичевската епархија ги информираат своите православни верници дека на 26 јули недела), во црквата „Света Богородица – Каменско“ ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на Свети Архангел Гаврил“.Литургијата ќе започне во 8.30 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
Од денеска до 5 август се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси во термин од 7 до 17 часот, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Во шумите можат да се движат само лица кои имаат добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. Во периодот од 17 до 7 часот дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување…
Поради големиот интерес за концертот на славниот пијанист Иво Погорелиќ кој на 25 овој месец ќе настапи во црквата Света Софија, Охридско лето направи напор да обезбеди уште еден дополнителен концерт на 26.07.2015 ( недела). Со ваквиот сериозен, одговорен и професионален пристап, во интерес на нашата верна публика, ќе овозможиме сите заинтересирани да можат да бидат дел од овој настан.Голем е бројот на гости од странство кои специјално најавија дека ќе дојдат во Охрид токму поради концертот на Погорелиќ. Резервации има од Србија, Хрватска, Грција, Чешка, Албанија, Франција. Картите и за в…
Да го сакаме животот и да го сакаме човекот. Човекот е најголема вредност, се друго е минливо, само она човечкото е вечно, кажал еден од најзначајните македонски писатели на дваесеттиот век Живко Чинго. Академик Милан Ѓурчинов денеска во Куќата на Уранија во Охрид одржа предавање за делата на охриѓанецот Живко Чинго, по повод 80-годишнината од неговото раѓање. „За Живко Чинго допрва треба да се пишува и мислам дека неговата вредност со текот на времето само ќе расте, посебно што има многу актуелни работи во неговото дело, тој претскажа многу нешта кои денес нам ни се случуваат. Тука се гле…
Најзаинтересирани за разглед на убавините на Охрид со двокатниот панорамски автобус се холанѓаните. Поаѓаат од градскиот плоштад а турата не е прецизирана, се плаќа по 80 ден. од километар. Автобусот го користат и странците кои доаѓаат во Охрид со новите дирекни авионски линииза превоз од аеродромот Св. Апостол Павле до градот. Од неодамна ЈП „Билјанини извори“ склучи договотр со ТАВ Македонија за превезување на гостите со панорамскиот автобус во среда и недела кога на аеродромот пристигнуваат гости од Лондон и Базел.Со овој договор ние се надеваме дека на некој начин ќе го подобриме к…
Од утре судбоносното „ДА“ ќе може да се каже и на затворено. Владата донесе одлука да се организираат свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот. Одлуката ја поздравија од асоцијацијата на хотелиери. Според Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ, бројката од 250 гости на свадба задоволува 90 проценти од барањата на угостителите. Забелешките биле предходно кога беа дозволени само 100 гости на отворено, а сега се очекува дека ќе има пораст на бројот на веселби со оглед на тоа што дел од свадбите се заостанати од минатата година.
„Ед…
Владата на Република Македонија, на предлог од Министерството за здравство, донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, во периодот од денеска (среда, 22 јули) до вторник (28 јули). Во истиот период, се препорачува на работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури…
Пациентите ќе може да поднесат претставка до директорот на здравствената установа доколку се незадоволни од односот на здравствените работници, што е предвидено со Законот за здравствена заштита и со Правилникот за хоспитална култура.Според Законот, пациентот или членовите на семејството на пациентот можат да поднесат претставка во писмена форма или усно на записник до директорот, со која го изразуваат своето незадоволство поради неприменување и непочитување на принципите и правилата на однесување и работење од страна на здравствените работници, кои се утврдени со правилникот за хоспитална …