Квалитетот на здравствените услуги, повторно ставен на тест

Пациентите ќе може да поднесат претставка до директорот на здравствената установа доколку се незадоволни од односот на здравствените работници, што е предвидено со Законот за здравствена заштита и со Правилникот за хоспитална култура.

 |  Голабовски Крсте  | 
diktori

Пациентите ќе може да поднесат претставка до директорот на здравствената установа доколку се незадоволни од односот на здравствените работници, што е предвидено со Законот за здравствена заштита и со Правилникот за хоспитална култура.

Според Законот, пациентот или членовите на семејството на пациентот можат да поднесат претставка во писмена форма или усно на записник до директорот, со која го изразуваат своето незадоволство поради неприменување и непочитување на принципите и правилата на однесување и работење од страна на здравствените работници, кои се утврдени со правилникот за хоспитална култура.

pacienti„Директорот е должен да одржи состанок со подносителот на претставката во присуство на дипломиран правник вработен во јавната здравствена установа и/или координаторот за квалитет. Јавната здравствена установа не постапува по анонимна претставка, освен ако се работи за прашања од јавен интерес утврден со закон. Директорот, односно директорите на јавната здравствена установа се должни да одговорат во рок од 15 дена од приемот на претставката“, појасни денеска Министерот за здравство Никола Тодоров.

Ако при постапувањето по претставката, се утврди дека на подносителот на претставката му е повредено право или му е нанесена штета, за здравствениот работник, против кој е поднесена претставката задолжително ќе се поднесе барање за поведување на дисциплинска постапка.

„Примерок од решението за изрекување на дисциплинска мерка за дисциплински престап директорот на ЈЗУ доставува до подносителот на претставката, кој има право да достави претставка до Министерството за здравство доколку во овие рокови не добие известување за формирање на комисија за водење на дисциплинска постапка за дисциплинскиот престап, односно не добие решение за изрекување на дисциплинска мерка за дисциплински престап, во кој случај министерот за директорот на ЈЗУ ќе определи договорна казна во висина од 200 евра во денарска противвредност“, рече Тодоров.

Тој додаде дека Законот предвидува директорот да биде разрешен ако два пати последователно или три пати во текот на една година, не постапил по примена претставка и не формирал комисија за водење на дисциплинска постапка, ниту донел решение за изрекување на дисциплинска мерка.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top