Авг 18, 2015

Во општинава владее тренд на формирање паралелки со помалку од 24 ученици

И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици. Оваа одлука беше донесена на седница на совет од страна на градските избраници, а оправданоста на истата се наоѓа во фактот што доколку не се превземе ваков чекор многу работни места на одделенски и предметни наставници треба да згаснат, а и неколку училишта посебно во руралните средини ќе треба да се затворат. Одлуката е за поздравување, но од друга страна организирањето на ваквите паралелки непотребно го троши и така тенкиот буџет на општината.Ние во периодот на летни одмори ќе направиме длабоки анализи …

Авг 18, 2015

Разбојничка кражба во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојничка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р. (38) од Скопје. Него одредена му е мерка притвор во траење од триесет дена. На седми овој месец, пријавениот заедно со уште едно засега непознато женско лице, со подесен алат ги скршиле двата катинари од метална решетка поставена на влезната врата од продавницата „Заум пром-Маргарите“ ДООЕЛ Охрид лоцирана на улицата „Јане Сандански“ во Охрид.Настанот се случил во 03 часот и 30 минути, кога двајцата, со патничко моторно возило марка „Фолксваген-пасат“ со скопски рег…

Авг 17, 2015

Донација од маси и столчиња за градинката „Јасна Ристеска“

19 маси и 34 столчиња ги збогатија просториите на градинката „Јасна Ристеска“. Охриѓанката, Мирка Милеска која долги години живее и твори во Холандија, по втор пат за само неколку дена со своја донација ги потпомага охридските воспитно-образовни институции. Според Розе Костеска, директорка на градинката „Јасна Ристеска“, донацијата е повеќе од добредојдена.„Нејзиниот ентузијазам за помагање и оваа денешна донација не е за прв пат, таа во повеќе наврати помагала во нашата република, особено во Охрид од каде што потекнува и се надеваме дека оваа наша соработка ќе продолжи и понатаму и дека на…

Авг 17, 2015

Иванов: Школата за млади лидери е влог во европеизацијата на Македонија

„Целта на школата за млади лидери е од успешните луѓе да направи уште поуспешни, да создаде позитивни примери за другите.“-рече претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов на отворањето на шестата по ред школа за млади лидери во Охрид. Според Иванов, човек што не носи одлуки е склон да робува и да се покорува, а оној што носи вистински одлуки е учител и оној што го следат. Денес младите живеат во свет во кој имаат пристап до огромен број податоци, сознанија и информации, при што улогата на Школата за млади лидери е да им покаже вештини за тоа како да се ориентираат во планетарното о…

Авг 17, 2015

Охрид нуди можности за развој на манастирскиот туризам

Се попривлечно место за одмор станува манастирскиот комплекс Св. Спас во близина на охридското село Лакочереј. Новоизградениот комплекс е  осветен само пред неколку месеци. Конаците се во дворот на црквата Св Спас која според некои податоци датира од 14 век. Опкружени се со прекрасна шума и убаво среден двор,  а  на располагање се 7 луксузно опремени  апартмани, сала за состаноци и  современо опремена трпезарија и кујна  за органзирање на разни свечености за стотина луѓе.  Иако конаците се релативно нови,  посетителите се повеќе се интересираат за престој во оваа воздушна бања, вели Алксанд…

Авг 17, 2015

Вонредна адултна дезинсекција

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид и Дебрца дека во  ден 20.08.2015год. (четврток) во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци.Авионска  адултна  дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот. На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река.Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и ДалјанНа територијата на опш…

Авг 17, 2015

Улицата „Ристо Чадо“ денес без вода

Од МЈП „Проаква“ информираат дека  поради санација на дефект на водоводната линија, денеска во периодот од 8 до 13 часот има прекин во водоснабдувањето на улицата „Ристо Чадо“. Во овој период од денот без вода ќе бидат и жителите на улиците, „Мирче Ацев“ и „8-ми Март“.  

Јул 2, 2021

Пендаровски: Помогнете ни за да им помогнеме на луѓето

„Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан“ е темата на панелот кој го отвори претседателот Пендаровски на вториот ден од Преспа форумот. Пендаровски побара од САД и Европската унија да им помогнат на земјите од Западен Балкан да се воспостави нова синергија и рестартирање на регионот, како и заедничка соработка. Свои обраќања на панелот имаа претседателите на Црна Гора и Словенија, Мило Ѓукановиќ и Борут Пахор, помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, еврокомесарот Јоханес Хан. Пендаровски истакна дека западниот балкан заостанува во економска с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top