Охрид нуди можности за развој на манастирскиот туризам

Охрид нуди  можности за развој на манастирскиот туризам.

 |  Валентина Неловска  | 
охрид

Се попривлечно место за одмор станува манастирскиот комплекс Св. Спас во близина на охридското село Лакочереј. Новоизградениот комплекс е  осветен само пред неколку месеци. Конаците се во дворот на црквата Св Спас која според некои св спасподатоци датира од 14 век. Опкружени се со прекрасна шума и убаво среден двор,  а  на располагање се 7 луксузно опремени  апартмани, сала за состаноци и  современо опремена трпезарија и кујна  за органзирање на разни свечености за стотина луѓе.  Иако конаците се релативно нови,  посетителите се повеќе се интересираат за престој во оваа воздушна бања, вели Алксандар Крстев од манастирскиот одбор. Засега  интерес покажуваат случајните посетители од нашата земја и нашинците од дијаспората.  Најчесто посетителите остануваат една ноќ или две за време на викендите. Единствен услов за да се сместат во конаците  е посетителите  да го почитуваат црковниот кодекс, напоменува Крстев.

манастир„Гостин може да биде секој кој ќе се придржува на православното христијанство. Тие правила се пропишани според каноните на црквата  и доколку луѓето се придржуваат не е проблем да останат“, укажува Крстев.  
Манастирскиот комплекс нуди прекрасни  можности за одмор и развој на манастирскиот туризам , додава Крстев. Конаците во Св. Спас оддалечени на само 7 км од Охрид, се  нови  и сеуште непознати за пошироката јавност, па е потребна нивна поголема промоција.  Намерата на манастирскиот одбор е изработка на брошура која ќе се дистрибуира во Источно европските православни земји.

„ Туристичките водичи се малубројни кои носат тури од христијанските земји од Русија, Украина Белорусија. Во моментов работиме на изработка  на брошура со туристичките водичи за манстирскиот комплекс. Тие луѓе ја сфаќаат вредноста на овој објект не само како туристичко туку и како духовно место“, напоменува Крстев.
Со развој на манастирскиот туризам голем бенефит би имало  месното население. Жителите  работно би биле ангажирани во комплексот  и би се користеле продукти од месните производители, напомеува  Крстев за плановите на Црковниот одбор во насока на искористување на можностите за развој на манастирскиот туризам.

„Селото е блиску има земјоделци и сточари  и не е проблем да се обезбеди здрава, органска храна. Може да се направат и традиционални јадења ѓомлезе, питулици, кисело млеко, сирење. Доколку има најави и гостите побараат за доручек, може да се обезбеди  и тоа“, кажа Крстев.    

Од манастирскиот  одбор напоменуваат дека ветување за  поддршка во  развојот на манастирскиот туризам добиле и од охридската Локална самоуправа. И досега добивавме помош од локланата во  одржување на осветлувањето, одржувањето на шахтите, вели Крстев.  Соработуваме  и контактираме за меѓусебна помош со останатите манастирски комплекси како што се во Св. Наум кај Лескоец  или Св. Стефан, подвлекува Александар  Крстев.  
Туристичките водичи напоменуваат дека засега туристите над 90 посто  покажуваат интерес за посета на комплексите во Св. Наум и Св. Петка во Велгошти.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top