Вонредна адултна дезинсекција

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид и Дебрца дека во  ден 20.08.2015год. (четврток) во координација  со  Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци.

 |  Голабовски Крсте  | 
avion

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид и Дебрца дека во  ден 20.08.2015год. (четврток) во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци.

Авионска  адултна  дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот. На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река.

avionceВо градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и Далјан

На територијата на општина Дебрца ќе се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мешеишта, Волино и Требеништап по течението на реката  Сатеска , како и во зона на селата Белчишта и Велмеј по течението на Голема река.
 
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881 230 231.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top