Се е подготвено за одржување на утрешниот охридски Атлетски маратон. Охрид по 29 -ти пат ќе биде домаќин на маратонци кои ќе ја трчаат патеката од Св. Наум до Охрид. Пеце Неданов претседател на организациониот одбор информира дека се пријавени околу 80 -тина марaтонци од повеќе Балкански земји, Холандија и двајца атлетичари од Кенија. Локалната самоуправа, Агенцијата за млади и спорт и охридските спонзори обезбедиле награден фонд за најдобрите уечници во машка и женска категорија, но за жал нема одзив од поголемите фирми напоменува Неданов. „ Досега не се појавил некој поголем спонз…
Ученичкиот дом Ванчо Питошески после долго време е исполнет до последниот кревет. Годинава се бара кревет повеќе. Биле пријавени 135 ученици, а согласност била побарана за 115 ученици. Годинава неочекувано е зголемен бројот на заинтересирани ученици за сместување во домот. Тоа се должи на спортските паралелки кои од минатата година работат во средното општинско училиште Ванчо Питошески, напоменува дирeкторката Весела Темјаноска. „ Оваа учебна година има повеќе заинтересирани деца од претходната учебна година и од сите наназад. Има и деца кои нема да имаат можност да бидат сместени…
Охриѓани по втор пат ќе може да се информираат за поволностите на проектот „Купи куќа, купи стан“ во рамки на презентацијата, што ќе се одржи во среда на 9-ти септември во просториите на општина Охрид со почеток во 17 часот.На презентацијата ќе учествуваат и градежни компании од Охрид кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува раз…
8-ми септември се прославува како Денот на независноста на Република Македонија.Согласно Законот за празниците на Република Македонија, Министартвото за труд и социјална политика соопшти дека овој празник е неработен ден за сите македонски граѓани.
Со положување на свежо цвеќе и поклонение, денес беа одбележани шест години од трагичната бродска несреќа во Охридското Езеро во која загинаа 15 бугарски туристи. Претставници од локалната самоуправа, здружението „5ти Септември“, претставници од Ротари и Ротаракт клубовите, Капетанијата како и Бугарскиот културно-информативен центар од Скопје им одадоа достојна почит на жртвите во овој немил настан.
„Благодарност за достојното внимание кои им се укажува, страдаме до ден-денес, благодарност што се продолжува почитта. Тагата е голема и не може да помине, се навикнавме на болката.“-вели Светл…
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, денеска ги посетија пензионерите кои се наоѓаат на бесплатен туристички викенд во рамки на истоимениот владин проект во Охрид, во извидничкиот камп.„За оваа година овозможивме 3000 пензионери да можат да ја користат оваа бесплатна услуга, овој проект е дел од програмата на Владата на Р. Македонија. За негова реализација издвоени се околу 12 милиони денари. Би сакал во оваа прилика да ја искористам можноста и да ја информирам јавноста дека во текот на …
Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја започнаа Втората велосипедска тура во Дебрца, која годинава се вози од село Годивје до Бабин Срт ( 2241 м.н.в. ) , врвот на Стогово и назад.
-Поздравувајќи ги учесниците, посебно истакнав дека општина Дебрца располага со идеални терени за организација на планински велосипедизам, а особено пределот на Славеј планина, Алипашица, Караорман, Лисец, Стогово со Бабин Срт, со своите природни убавини и недопрена природа е еден од најдобрите во Македонија за организирање на планинска велосипедска тура. Посебна благодарност изра…
Во Охрид има голем потенцијал за згрижување на деца, но сеуште мала е бројката на вдомени во охридските семејства. Како што истакна Екрем Каљоши, директорот на ЦСР од Охрид, постои желба кај семејствата, но проблемот лежи во изнаоѓање начини од страна на службите во Центарот за мотивација и будење на желбата за згрижување.„Наши штитеници ние имаме 9 деца кои се згрижени, од тој аспект во тек е акцијата, веќе имавме една промоција на една локлана телевизија, во нареден период ќе имаме и собири со граѓани со МЗ во Локална самоуправа со категорија на лица кои бараат работа, значи ќе му укажеме…