Германскиот гигант Костал денес го потпиша договорот со кој официјално ја потврди инвестицијата во технолошко-индустриската развојна зона помеѓу Охрид и Струга. Оваа 50 милиони вредна инвестиција треба да овозможи вработување на 1000 нови работни места. Охридскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека денес го оствариле ветувањето дадено минатата пролет за оваа втора голема инвестиција во Охридско-струшкиот регион.
„Ќе се отворат работни места за повеќе видови на струки и квалификации и со средно и со високо образование, значи практично ќе можат да бидат опфате…
Локалната самоуправа, Јавните претпријатија подготвени се да ги одржуваат патиштата во Охрид во текот на зимската сезона. Оваа изјава доаѓа од заменик градоначалникот Ангел Јанев, на денешниот координативен состанок кој секоја година во организација на СВР Охрид се одржува пред почетокот на зимата. Јанев категоричен, дека со механизацијата за зимски услови со која располагаат ЈП, можат да се справат во охридскиот регион, но не и на други регионални фронтови, односно патишта. „Се она што е потребно за и околу одржувањето на магистралните патишта посебно во делот од Скопје- Кичево – Охрид кад…
Ученици и наставници од трите наставни јазици, денеска во просториите на ОУ „Братство Единство”, го подготвуваа најстариот десерт во историјата- ашурето. Мотото на денешната активност, која во училиштето веќе станува традиција, беше „Богатството е во различностите”. „ На почетокот на оваа учебна година, нашето училиште го доби знамето за модел училиште од страна на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Ова знаме е потврда за заслугите на ОУ „Братство Единство” во беспрекорната имплементација на Проектот, но и морална обврска на сите вработени да го продолжат патот на промо…
ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, извршува градежни активности изведба на фекална канализација на крак од улицата „Стив Наумов“.Ќе се поставуваат цефки со дијаметар Ф 200 и ке се врши преприклучување на објектите на потегот на кој се изведуваат активностите. Јавното претпријатие продолжува континуирано да работи кон подобрување на системот за одведување на отпадни води и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Охрид.
Во сабота, 26-ти февруари, Градскиот ракометен клуб Охрид ќе го одигра последниот натпревар на домашен терен во регуларниот дел од Супер лигата против екипата на Еурофарм Пелистер 2.
Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 18 и 30 часот.
Влезот ќе чини 50 денари.
Од нова година НУ библиотека „Григор Прличев“ ќе се всели во новите простории. Во тек се работите од втората фаза која опфаќа фасадирање на зградата каде порано беше сместена дирекцијата на НУ Фестивалот „Охридско лето“ и на зградата каде моментално се наоѓа библиотеката. Претходно беа срушени ѕидовите, поствен е нов под и термоизолација во просториите кои порано ги користеше Фестивалот Охридско лето. Комплетно просторот во новиот објект е заштитен од влага за книжниот фонд и целиот простор е отворен.Во новите простории на библиотеката ќе има две современи читални за возрасни и за деца, …
Во општина Охрид ќе се прска против комарци од утре, доколку дозволат временските услови. Конечно, на објавениот тендер по трет пат е избрана фирма за прскање против комарци. За терестријално прскање против овие инсекти е избрана кавадаречката фирма „Лиза ком“, информира Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид.
„Деновиве ќе се изврши дезинсекција и дератизација во две фази. Првата фаза е со ларвицидна дезинсекција и дератизација, а втората фаза е во тек на јули, дезинсекција против комарци, а деритизација на крај од септември или октомври.“
Оваа компанија на тендерот понуди за услугата …
230 деца од градинката „Јасна Ристеска“ бесплатно ќе учат англиски јазик. Веќе втора година градинката заедно со образовниот центар „ПИ СИ“ организираат бесплатни часови за дечиња од пет и шест годишна возраст. Минатата година проектот бил спроведен со една наставничка и часови посетувале само 100 деца од три групи, но поради големиот интерес кај родителите оваа година бројот на деца кои учат англиски јазик е зголемен.Оваа година им излеговме во пресрет на родителите кај кои што имаше интерес за нивните деца да го изучуваат англискиот јазик. Ангажирана е уште една учителка и опфатени се сит…