Избрана фирма за прскање против комарци во Охрид

Тендерот го доби кавадаречката фирма „Лиза трејд“ која ќе почне со терестријално прскање в долж охридското крајбрежје. Оваа компанија побара за услугата нешто повеќе од 300 илјади денари, наспроти охридскиот Центар за јавно здравје кој бараше за прскањето повеќе од 900тини илјади денари.

 |  Валентина Неловска  | 

Во општина Охрид ќе се прска против комарци од утре, доколку дозволат временските услови. Конечно, на објавениот тендер по трет пат е избрана фирма за прскање против комарци. За терестријално прскање против овие инсекти е избрана кавадаречката фирма „Лиза ком“, информира Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид.

„Деновиве ќе се изврши дезинсекција и дератизација во две фази. Првата фаза е со ларвицидна дезинсекција и дератизација, а втората фаза е во тек на јули, дезинсекција против комарци, а деритизација на крај од септември или октомври.“

Оваа компанија на тендерот понуди за услугата нешто повеќе од 300 илјади денари наспроти охридскиот Центар за јавно здравје кој понуди скоро три пати повисока цена за справување со комарците. Овој пат нема да има авионско прскање против комарци, туку од земја.

Ова е терестријално запрашување според условите во тендерот. Во Македонија, денeс, потешко се доаѓа до аерозапрашување такви се условите. Во двата наврати ќе има терестријално запрашување против комарци“.

Општина Охрид издвои од буџетот за прскање против комарците над 420.000 денари. На двата претходни тендери имаше само една понуда од охридскиот Центар за јавно здравје. Тие за услугата бараа над 937.000 денари. Од одделот за јавни набаваки тврдеа дека понудената цена е висока, а нема зголемени трошоци за средствата кои се користат во прскањето и површината за праскање од минатата година. Според територијалниот опфат прскањето ќе биде од Подмоље до Св.Наум, на неколку критични места по реките и речните канали, како и на крајбрежјето.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top