СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(23) и С.К.(21), двајцата од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство”.
-Тие, на 26.06.2021 година, во угостителски објект лоциран во авто кампот “Градиште”, физички го нападнале В.С.(27) од Охрид и му нанеле тешки телесни повреди, а кај присутните гости, предизвикале страв и несигурност.-се вели во соопштението на СВР Охрид.
Во детската градинка „Јасна Ристеска во последно време кадарот што работи со најмалите деца често се менува. На ваквата практика реагираат загрижени родители. Тие велат дека за повеќе деца тргнувањето во градинка претставува стрес како за детето така и за родителот, пред се од аспект на оделувањето од родителот и навикнување на детето на новата средина. Укажуваат и на тоа дека децата непознатиот простор го доживуваат со низа емоционални реакции, како што е несреќно плачење и пасивност, остро протестирање, слабо јадење како и кратко и немирно спиење. Родителот најчесто на детето воспитувач…
Дебарско кичевската епархија ќе прави црковен музеј во кој ќе бидат сместени сите вредни икони од западниот дел на Македонија. Музејот е планирано да се гради на локацијата која се наоѓа веднаш под административната зграда на охридската митрополија. Проектот веќе се изготвува, а ќе биде финансиран од МПЦ.МПЦ се одлучи на ваков чекор бидејќи голем дел од подвижните икони кои не беа заштитени, а кои беа многу вредни се украдени. Тоа подвижно културно богастство мора да се собере на едно место и да се заштити од понатамошно уништување, вели теологот Виктор Недески.Музејот ќе биде обезбеден со …
Ноември, месец на македонскиот филм. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ нареднава недела ќе се прикажуваат македонските класици во соработка со Вардар филм. Публиката ќе може да ги види филмовите „Хај фај“, „Три Ани“, „Среќна нова 49та“, „Планина на гневот“ и „Тетовирање“. Одамна планиравме да правиме ревија на македонски филмови за да ја анимираме публиката да ги погледне овие класици . Голем дел од гледачите веќе ги имаат гледано, но секогаш има простор за уште еднаш да се види некој убав филм. Билетот изнесува само 50 ден. Па очекуваме добра посетеност од љубителите на филмот, вели …
Во Пештани на неколку локации има кочини за одгледување свињи, од кои се шири неподнослива реа. На овој проблем се пожалија пештанци. Велат дека тоа претставува грда слика за нивното место кое е познато и признато како туристичка населба. Додаваат дека и туристите кои шетаат по пешачките патеки кои мештаните ги викаат долови се жалеле на непријатната миризба, како што појаснува нашиот соговорник Зимоски Димче. „Во летни месеци посебно јули, август, септември кога „вечерникот“ т.н ветер кој дува навечер од планината према езерото посебно куќите кои се на ивицата од самото село спрема планин…
Белите рози, симболот на чистотата денес го разубавија училишниот двор на гимназијата “Св.Климент Охридски”. Женскиот лајонс клуб “Деница” со една симболична акција испрати порака за подигнување на свеста кај граѓаните не само за естетиката и убавината на овој убав цвет туку и за неговата функција на филтер на загадениот воздух.
“Оваа симболична акција по трета година ја спроведува женскиот лајонс клуб Деница. Донираме садници на бели рози. Симболиката се состои што сакаме покрај убавината на белите рози сакаме да ја истакнеме и нивната значајна функција што може да ги апсорбираат издувнит…
Се раскопува тротоарот на ул „Јане Сандански“. Тоа е градежна акција на двете Јавни претпријатија „Нискоградба – Охрид“ и „Градски Гробишта“, за средување и партерно уредување на тротоарската површина долж улицата, информираат од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици. „ЈП Нискоградба“ е задолжено за поплочување односно бехатонирање на тротоарските површини, додека ЈП „Градски Гробишта“ е задолжено за поставување на рабници долж улицата. Согласно договорот што го имаме со „Градски Гробишта“, зафатот за оваа акција е во износ од околу 200 000 ден, додека Нискоградба работи по отворен…
Наша света должност е да ја сочуваме тешко стекнатата слобода…Пред нас и генерациите по нас ќе стои одговорноста да го почитуваме она што со крв е спечалено, да ја чуваме слободата и независноста. Ова се пораките кои силно одекнаа денес на свечената седница по повод 71 година слободен Охрид. Борци, поддржувачи, претставници од политички партии, локалната самоуправа, јавните претпријатија и граѓани денес најпрво со положување свежо цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци, а потоа и со пригодна свеченост, им оддадоа достојна почит на оние чија заслуга е нашата слобода.
“Денес, гордо…