Охрид нуди идеални услови за развој на конгресен туризам. Хотелиерите се повеќе инвестираат во изградба и осовременување на конгресните сали како би можеле да им излезат во пресрет на гостите кои одлучиле токму кај нив да ги одржат своите семинари и конгреси. Хотел Десарет кој е еден од најголемите хотели по својот капацитет со над 500 легла располага со 5 конгресни сали опремени по најновите стандарди за одржување на вакви настани. Во овој хотел од почетокот до средината на август се одржал конгресот на медицинари во кој имало учесници од 70тина земји од светот. И во моментов таму престој…
Започна теренската вакцинација за граѓаните кои немаат закажан термин за вакцина. Процесот е организиран од здравствените домови од секој град, а ќе се одвива без прекин со веќе направен распоред. Паралелно се одвива процесот на вакцинација редовно во рамки на здравствените домови. Вакцинацијата ќе се одвива буквално во сите оддалечени рурални места кои гравитираат кон еден централен здравствен дом, а ќе се аплицира кинеската вакцина „Синовак“. Во неколку пунктови низ земјава од утринава е регистрирана гужва од страна на граѓаните во раните утрински часови.
-Ова е процес кој ќе се одвива б…
Многу лиценци за такси, а малку паркинг простор. Охридските таксисти со забелешка до надлежните дека во Охрид се издаваат повеќе од потребното лиценци на такси возачите, без Локалната самоуправа да обезбеди доволно паркинг места наменети за нив. Тие не сакаа да коментираат пред камерата на ТВМ. Портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески информира дека имале издадено 300 изводи од лиценци за вршење авто такси превоз, и смета дека во Охрид има доволно паркинг места, но проблем било што охридските таксисти ги посакувале само атрактивните локации, а такви има…
Изгоре голема површина на нискостеблеста и дабова шума во Куратица, охридско. Мештаните и екипи на ТППЕ цели два дена се бореле со огнената стихија, која започнала од Прентов Мост и со брз интензитет се проширила кон шумата. Претседателот на М. З. Горан Ангелоски, вели дека доколку екипите од шумското претпријатие реагирале навреме штетата би била помала и пожарот ќе се локализирал за пократко време. Ангелоски информира дека за состојбата лично го информирале секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески кој веднаш ноќта пристигнал со противпожарната екипа од Охрид.„Се претпоставува дека …
Жителите од урбаната заедница „7-ми Ноември“ кои живеат на просторот кој ги опфаќа улиците„ Дејан Војвода“ „Стив Наумов“ до „Желзничка“, „Абас Емин“ и „7 – ми Ноември“ се жалат на бројни комунални проблеми. На територијата на која се протега оваа урбана заедница живеат над 5000 граѓани кои имаат потреба од основни комунални решенија. Улиците „Абас Емин“ и „Дејан Војвода„ се со ископан асфалт и со ударни дупки, без тротоари. Улицата „Пиринска“ чека на пробивање и поврзување со „Железничка“.
Димитрија Митрески член на Урбаната заедница, покрај овие комунални проблеми кои ги мачат жителит…
Наголемо се реновира спортската сала во ОУ Христо Узунов. Се подготвува за тренинзите за младинското Европско Првенство за Кошаркарки кои ќе се одржат во средината на наредниот месец. Учениците со нетрпение го очекуваат овој настан кој е мотив повеќе да спортуват и да се изградат во здрави личности.Во спортската сала во ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржуваат тренинзите за младинското Европско Првенство за Кошаркарки. Од 13 до 23 август тука ќе се подготвуваат 22 репрезентации од цела Европа. Ова е причина што во училиштето се работи со полна пареа се подготвува салата за овој голем спортски …
Основното училиште „Братство единство“ во Лескајца сеуште има кров со азбестни плочи. Тие биле поставени уште пред дваесет години кога се првела чатијата на училиштето кое претходно имало равен кров. Веќе пет-шест години менаџментот на училиштето бара од надлежните институции да се сменат азбесните плочи земајќи го во предвид колку истите се штетни по здравјето на луѓето. Докажано е дека азбестот доколку почне да се распаѓа и од него се создава прашина таа е канцерогена и опасна. Министерството за образование треба да издвои средства од својот буџет за решавање на овој горлив проблем на ова…
Интензивно се работи на изградбата на двојниот кружен тек на крстосницата на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул.„Македонски поросветители“.Во завршна фаза е изгадбата на примарниот круг со дијаметар 24 метри по што ќе се гради секундарниот, помал круг со дијаметар од околу 3,5 метри. Веднаш потоа ќе следува поставувањето на два асфалтни слоја, со што ќе заврши оформувањето на падовите на коловозните конструкции на кружната крстосница.На овој простор веќе е поставена нова атмосферска канализација од страна на ЈП „Нискоградба“ а изведувачот АД Илинден од Струга паралелно работеше на 5…