Дек 15, 2015

Oхриѓани посакуваат од локалната власт подобро место за живеење во Новата 2016

Различни барања имаат охриѓани  за подобар урбан живот.  Порачуваат градските избраници да водат повеќе сметка за изградба на   содржини кои ќе им го направат животот полесен. Граѓаните кои случајно ги анкетиравме побараа од градските избраници во општинскиот совет да го направат Охрид подобро место за живеење  во престојната 2016 година. Посакауваат што поскоро да се изгради дом за стари лица, повеќе игралишта и забавни содржини за  децата, изградба на катна гаража подалеку од езерото, изградба на канализација во Лагадин, подобри улици и патишта  и улици со тротоари каде што ќе можат да …

Јул 14, 2021

Официјално: Кирил Пецаков кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ

Кирил Пецаков и официјално е кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го објави членот на ИК на партијата, Антонио Милошоски, во дневникот на Сител телевизија. –Наш фаворит за општина Охрид ќе биде актуелниот пратеник Кирил Пецаков, којшто бил и советник во општината Охрид, добро познат на граѓаните, си ја извршувал совесно својата должност, познат е и помеѓу лекарите како стоматолог, познат е и меѓу спортистите како ракометар и сметаме дека тој е човек кој може да го врати сјајот на Охрид кој во овие неколку години, за жал, го изгуби, дури се најде и на црвената ризична лист…

Дек 15, 2015

Во Охрид за еден месец регистрирани 100 нови фирми со новиот систем

 На отворените денови во Централниот регистер  корисниците на нивните услуги најмногу се заинтересирани за прашања поврзани со новиот електронски систем за регистрирање на фирми. Најмногу прашања има за новата форма регистрационен агент адвокат кој се воведува покрај регистрационен агент сметководител, напоменува раководителот на одделението Венко Арнаудов. „Со најновите измени за едношалтерски и трговски друштва  има нова категорија адвокати. Адвокатите ги поднесуваат сега сите видови  на уписи на основање, промена и бришење во електронска форма. За сите уписи што се вршат во трговски реги…

Дек 15, 2015

Студентите од ФТУ даруваа крв

Студентите на ФТУ даруваа крв. Тоа е потврда дека младите се хумани. Денес во просториите на ФТУ, Црвениот крст од Охрид ја реализира последната крводарителска акција предвидена во нивната програма за 2015. Како што информираше Анета Јованоска, со цел да се подигне свеста за важноста на крводарителството, се надеваат дека колку што е можно повеќе ќе допрат до младите луѓе и ќе ја разбудат нивната хуманост. „Навистина сум презадоволна од одзивот на студентите има и зошто е тоа так, од неодамна почна да функционира клубот 25 млади мотиватори“, кои веќе одржаа работилници за мотивирање на студ…

Дек 15, 2015

Курајчко средсело

Согласно Стратегијата за одржлив локален економски развој на Општина Охрид, и стратешките цели во областа на туризмот, главна намена и цел на проектот е да придонесе во постигнувањето на дефинираните стратешки цели и е во согласност со стратешката цел за дефинирање на туристичкиот производ и понуда и нивна презентација и промоција, како и со стратешката цел во областа на културата, културно-историското и природно наследство за изнаоѓање на нови форми и активности за координиран и одржлив развој на културното и природното наследство.Деновиве започна со реализација на проектот Курајчко средсе…

Дек 14, 2015

Туристичките посети и ноќевања во земајва со тренд на раст во периодот јануари-октомври

поред податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2015 година изнесува  61 655, а бројот на ноќевањата изнесува 142 503. Што значи дека секој посетител во просек во земјава се задржал 3 дена.  Кај домашните туристи има тренд на намалување  и кај посетите и кај ноќевањата. Но, охрабрува подотокот за зголемен тренд на странските туристи и тоа  за 1,8 посто во посетите и 3,5 посто кај ноќевањата, споредено со минатогодишниот октомври.   За разлика од месец октомври, во периодот јануари-октомври 2015 година, споредено со истиот период од минатата година, има зг…

Дек 14, 2015

Охрид конечно ќе добие софистицирани јавни тоалети

Охрид конечно ќе добие софистицирани јавни тоалети. Еден од проектите на Југозападниот плански регион е токму овој со кој веќе аплицирале за добивање средства од европските фондови. Јавните тоалети ќе бидат поставени како урбана опрема, а со истиот проект се опфатени и Струга, Вевчани, Дебар и Кичево. Тоалетите ќе бидат изработени од најквалитетен материјал.Тоалетите сами ќе се чистат, тие ќе бидат како една мини пречистителна станица. Во Охрид ќе бидат поставени на две локации и тоа по три тоалети. Еден  машки еден женски и еден наменет за лицата со посебни потреби. Тие се монтирани заедно…

Дек 14, 2015

Прекрасни етно специјалитети на вештите жени за хумана цел

Ѓомлезе, плашица, јагула, и разни други етно специјалитети приготвени за еден хуман гест. Вештите жени од 22 градови од земјава секој од својот крај ги презентираа традиционалните етно јадења, а за кои беше лицитирано. Собраните средства ќе се донираат за децата со посебни потреби токму од овие 22 градови во кои се одржуваше манифестацијата “Етно Вешта жена”. Снежана Стојаноска, претседателка на здружението “Вешта жена на Република Македонија” вели дека семејството е столбот за сите работи, па оттука предновогодишните забави кои тие ќе ги организираат за децата со посебни потреби во сите ов…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top