Oхриѓани посакуваат од локалната власт подобро место за живеење во Новата 2016

Oхриѓани посакуваат од локалната власт  подобро место за живеење во Новата 2016.

 |  Валентина Неловска  | 
ohrid

Различни барања имаат охриѓани  за подобар урбан живот.  Порачуваат градските избраници да водат повеќе сметка за изградба на   содржини кои ќе им го направат животот полесен. Граѓаните кои случајно ги анкетиравме побараа од градските избраници во општинскиот совет да го направат Охрид подобро место за живеење  во престојната 2016 година.

ohrid

Посакауваат што поскоро да се изгради дом за стари лица, повеќе игралишта и забавни содржини за  децата, изградба на катна гаража подалеку од езерото, изградба на канализација во Лагадин, подобри улици и патишта  и улици со тротоари каде што ќе можат да се движат пешаците.

Граѓаните  утре со почеток од 12 часот во големата сала на општина Охрид ќе може да земат активно учество во јавната расправа по нацрт- фискалната стратегија и развојните програми на општина Охрид за 2016 година. На јавната расправа  можат да учествуваат покрај заинтересираните граѓани и правните лица, здруженија на граѓани и институции.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top