Охрид конечно ќе добие софистицирани јавни тоалети

Охрид ги прати европските трендови. Наредново лето во градов ќе бидат поставени софистицирани јавни тоалети кои ќе му дадат еден подобар имиџ . Тоалетите ќе бидат набавени преку проект на Југозападниот плански регион, а со пари од европските фондови. Локалната е задоволна што конечно ќе се реши еден горлив проблем на градот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охрид конечно ќе добие софистицирани јавни тоалети. Еден од проектите на Југозападниот плански регион е токму овој со кој веќе аплицирале за добивање средства од европските фондови. Јавните тоалети ќе бидат поставени како урбана опрема, а со истиот проект се опфатени и Струга, Вевчани, Дебар и Кичево. Тоалетите ќе бидат изработени од најквалитетен материјал.

Тоалетите сами ќе се чистат, тие ќе бидат како една мини пречистителна станица. Во Охрид ќе бидат поставени на две локации и тоа по три тоалети. Еден  машки еден женски и еден наменет за лицата со посебни потреби. Тие се монтирани заедно како еден целосен модул, вели дирeкторката на југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска.

Од Локалната самоуправа велат дека ќе се задоволни доколку се реализира овој проект бидејќи на тој начин ќе се реши еден горлив проблем на градот кој се провлекува години наназад. Со софистицираните тоалети ќе се подобри имиџот на градот како туристички центар. Од таму додаваат дека соработката со менаџерскиот тим на Југозападниот плански регион им е на завидно ниво и дека и досег, а и во иднина ќе се реализираат голем број проекти за подобрување на условите во нашата општина. За 2016та од Југозападниот плански регион имаат аплицирано со проекти за подобрување на енергетската ефикасност во училиштата и градинката во градов, за изградба на велосипедска патека Охрид- Калишта, поставување подземни контејнери и многу други.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top