Во Охрид за еден месец регистрирани 100 нови фирми со новиот систем

Во Охрид  за еден месец  регистрирани 100 нови фирми со новиот систем.

 |  Валентина Неловска  | 
centralen register

 На отворените денови во Централниот регистер  корисниците на нивните услуги најмногу се заинтересирани за прашања поврзани со новиот електронски систем за регистрирање на фирми. Најмногу прашања има за новата форма регистрационен агент адвокат кој се воведува покрај регистрационен агент сметководител, напоменува раководителот на одделението Венко Арнаудов.

centralen register„Со најновите измени за едношалтерски и трговски друштва  има нова категорија адвокати. Адвокатите ги поднесуваат сега сите видови  на уписи на основање, промена и бришење во електронска форма. За сите уписи што се вршат во трговски регистер, основно е што се бунат луѓето, сите тие основање, промени и бришења се вршат во трговските регистри- електронски. Додека сите уписи, промени и бришења во регистрите на другите правни лица се поднесуваат во хартија како и досега,“ појаснува за дел од законските измени Арнаудов.  

Примената на законските измени за едношалтерски и трговски друштва преку адвокати агенти започна да се применува од први ноември,  подвлекува  Арнаудов.

„ Откако почна електронското пријавување  сметано од  2013 до денес е зголемен обемот на поднесување на пријави за основање наТрговски претпријатија и Дооел, воедно е  намалено времетраењето на целата процедура од поднесувањето на пријавите , до носење на решенија. Досега беше рок од 4 часа да се основа фирма, а сега времетрањето е  скратено на 2-3 часа“, информира Арнаудов.

Од први ноември досега со примена на електронскиот  систем на основање фирма се запишани 100 нови фирми, подвлекува Арнудов. Додава дека одделението на Централниот регистер е отворено и во останатите  денови за  сите заинтересирани  странки.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top