Јул 23, 2021

Одложено гласањето за статусот на Охридскиот регион под УНЕСКО

Нема епилог од расправата по нацрт-извештајот за идниот статус на заштитеното културно и природно наследство на на Охридскиот регион на 44. Сесија на Комитетот за светско наследство при УНЕСКО, што се одржува во кинескиот град Фуџоу. Текстот на одлуката по кој ќе се гласа за статусот на Охридскиот регион го пегла посебна група која ја формира претседавачот со сесијата.  Расправата започна со дискусија за извештајот во кој се нотираат слабостите за односот на државата, институциите, на централно  и локално ниво кон Охридското Езеро и градот како природно односно културно наследство прогласе…

Апр 2, 2016

Неповратна финансиска помош за домашните фирми, двојно зголемување на социјалната помош, изградба на нови студентски домови за младите

Обезбедување на подобар живот кој ќе им даде надеж и желба на младите да останат во Македонија. Отворање на работни места на кои ќе се исплаќаат плати со кои вистински може да се издржува семејството, поддршка за домашните фирми, гасификација на државата, стимулација на фирмите да исплаќаат повисоки плати на работниците. Ова се само дел од целите на програмата на СДСМ за предвремените парламентарни избори а кои синоќа беа презентирани пред охриѓани. Една од клучните реформи кои тие ги предлагаат, според потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска е финансиска инекција од 140 милиони евра…

Апр 2, 2016

Охриѓани го одбележаа меѓународниот ден за свесноста за аутизмот

  И Охрид денес се обои во сино. Охриѓани го одбележаа меѓународниот ден за свесноста за аутизмот, 2ри април. Со интересен хепенинг на градскиот плоштад, Црвениот крст од Охрид, заедно со локалната самоуправа и Занаетчиската комора денес беше испратена порака за привлекување на вниманието на јавноста за постоењето на аутизмот. „Овој проект, односно проектот „Сложувалка“ започна пред неколку недели, и ќе трае до крајот на мај, во соработка со Занаетчиската комора од Охрид и со занаетчиите, организираме креативни работилници во просториите на Црвен крст од Охрид, каде што занаетчијата до…

Апр 2, 2016

Нова кампања „Вози безбедно по кружен тек“

  „Вози безбедно по кружен тек“. Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот започна нова кампања која ќе трае цела година. Како што истакна претседателот на Советот, Стефан Димоски, целта е да се вози безбедно по главната сообраќајна артерија во градов, „Булеварот Туристичка“, а со тоа да се реши и сообраќајниот метеж, кој посебно може да настане во текот на престојната туристичка сезона. Димоски истакна дека овој проект е многу важен бидејќи содржи правила и прописи пропратени со видео анимација и симулација за правилата и прописите за безбедно движење по кружните текови. „Ова е всуш…

Апр 2, 2016

Бал под маски со хуманитарна цел на охридските деници

  Незаборавна забава и дружење под маски со хуманитарна цел. Синоќа, во хотелот „Сити Палас“ во организација на женскиот Лајонс клуб „Деница“, одбележувајќи го 1-ви април, но и роденденот на клубот, охридските деници покажаа дека овој ден не е само ден на шегата, туку дека е и ден на хуманоста. Претседателката на клубот, Лидија Тилевска, вели дека поттикнати од мотото на лајонизмот, дека човек е богат онолку колку што може да дарува и да помогне на друг, верува дека ќе придонесат да усреќат дел од нашите сограѓани кои што навистина имаат потреба од помош. „Со самото доаѓање овде, секој до…

Апр 2, 2016

Мај или јуни ќе отпочне да се гради пазарот во Охрид

  Се поизвесна е изградбата на зелениот градски пазар во Охрид. Старата локација каде што во моментов се изведува пазарската дејност ќе прерасне во современ објект со сите пропратни содржини, а ќе биде изграден по светски стандарди. Како што изјави првиот човк на градот Никола Бакрачески во завршна фаза била подготовката на финалната документација, односно на одобрението за градба кое треба да биде издадено од страна на Министерството за транспорт и врски. Според него во овој момент се финализирале неколку корекции кои биле предочени од страна на стручните служби, на основниот проект и на …

Апр 1, 2016

Радмила Шеќеринска денес меѓу охриѓани

  Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска денес меѓу охриѓани. Таа на заедничката средба со граѓаните уште еднаш истакна дека Македонија се наоѓа во сериозна политичка, економска и државна криза предизвикана од погрешните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ. Како резултат на тоа  голем број граѓани се иселуваат од државава, се соочуваме со низок економски стандард, со медиумски мрак, изборни измами и сериозни индиции за голем криминал, рече Шеќеринска. Ваквата состојба може да се промени само со фер и демократски избори, но и овие денови може да се види дека власта бега од тоа …

Апр 1, 2016

Пчелички, мали слатки вештерки, пирати-најмалите од градинките го прославија Денот на шегата

Пирати, пчелички, ликови од цртаните филмови и супер херои како Спајдермен, Бетмен, Зоро, Неверојатниот Хулк…Вистинско шаренило од бои, музика, песни и танц подготвија денес најмладите по повод 1ви април денот на шегата. Некои пак посериозни со маските подготвиле маски од рециклирачки материјали кои подоцна се натпреваруваа и во изборот за најдобра маска. Не беше ниту лага, ниту шега колку имагинација употребиле малите дечиња од градинката “Јасна Ристеска” и сите клонови заедно со нивните родители за на овој ден да изгледаат навистина волшебно. Гордо носејќи ги своите маски тие уште утро…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top