Охрид нема ликовна градска галерија. Пред дваесеттина години градов имал ваков простор во кој биле изложени дела на врвни македонски и светски уметници, а тоа била зградата каде сега се наоѓа ОМУ „Методиј Патчев“, но му бил одземен и даден на тогашниот шаховски клуб. Одтогаш па наваму се организираат само ликовни изложби од времен карактер и тоа најчесто во двете галерии на Центарот за култура „Григор Прличев“, во куќата на Уранија и на Робевци.Ние имаме една извонредна збирка на уметнички дела кои стојат во депоата и кои за жал никој не ги видел. Една ваква галерија би била голем поен з…
Градоначалникот Константин Георгиески и претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев денеска на пригоден настан официјално ја пуштија во употреба комплетно реконстуираната улица „15-ти Корпус“.
Драго ми е, што како локална и централна власт целосно ја препознаваме важноста на инфраструктурата како основа за подобрување на условите за живот на граѓаните и тоа што континуирано реализираме инвестиции кои придонесуваат за развој и напредок.Охрид како туристички центар заслужува висококвалитена сообраќајна мрежа, па токму затоа во текот на изминатиот период бевме особено посветени на о…
Локалната изнајде нов начин за работа на Јавните претпријатија во градов како истите би можеле да се одржат во добра финансиска кондиција. Во еден париод може да се видат вработени од ЈП „Гробишта“ како ставаат бекатон плочки по градов, после некое време тоа го прават вработените во ЈП „Нискоградба“, а на истата таа задача можат да се затекнат и работници од ЈП „Пазар“. Малку збунувачки како претпријатија чија основна дејност е сосема различна се занимаваат со иста работа. Но, градоначалникот Никола Бакрачески објасни дека овој нов принцип е воведен со цел обезбедување приходи во ЈП како па…
Охриѓани се повеќе стануваат свесни за поврзаноста на здравата исхрана, изборот на стилот на живеење и доброто здравје. Граѓаните се повеќе ги менуваат навиките во исхраната и избираат здраво да се хранат. Ккао што напомнеуваат во исхрнаат повеќе внесуваат зеленчук, овошје, риба.
Во Охрид продавницата Биокосмос е едно од продажните места каде што може да се најде голем избор на здрави прехранбени продукти, истакнува нивниот застапник Христина Шутароска. Пред една година кога стартувале со продажба на здрава храна граѓаните биле скептични, но денес навикте се менуваат.
„ Купувачите се …
Сликата кај опасното свлечиште пред платото на хотел Даљан и Извидничкиот центар во Охрид, е малку променета со првичните активности кои ги презедоа стручните екипи од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Но по се изгледа тоа е недоволно имајќи го во предвид фактот дека првите гости веќе тропаат на врата. Како што веќе информиравме реката Даљан сериозно го поткопува овој потег, ја нагризува асфалтираната површина создавјќи брза ерозија, пукнатини и поткопување на горниот слој од површината, и претстои опасност од лизгање на патот и сериозни проблеми по безбедноста на возилат…
Каква опрема носат алпинистите на нивните планински авантури, како се викаат сите тие јажиња, клинци, посебни чевли кои тие ги носат. Ова се само дел од прашањата на кои денес добија одговор љубопитните основци од училиштата „Христо Узунов“ и „Живко Чинго“. Благодарение на асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“, а во рамки на одбележувањето на меѓународниот ден на здравјето, денес тие и практично можеа да видат како изгледа таа опрема, но и самите да се спуштаат по јаже во салата на ОУ „Христо Узунов“.
„Сите ученици прв пат се среќаваат со вакви вештини, и за нив беше мошн…
Изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, се причина за прекин во сообраќајот денес 7-ми април 2016 година.
Според најавите на АМСМ, сообраќајот ќе биде во прекин околу 20 минути во периодот од 13:00 до 15:00 часот.
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7 април 2016 година (четврток), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска ли-тургија, по повод празникот „Свето Благовештение“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосве-штенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие).
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.