Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека во недела на 8-ми мај 2016 година, во црквата „Св.Никола“ – Долна влашка мала во Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Томина недела“ со почеток во 8.45 часот.
Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има и во останатите парохиски цркви.
На денешен ден во 916 година, во Охрид се упокоил Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква (МПЦ-ОА).
Тој бил средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ.
Голема етичка сила за нас во Македонија треба да имаат пораките на свети Климент Охридски. Етичките норми што тој ги искажа треба се база за нашата етика, тие не учат на најдоброто и бараат од нас у…
Во знак на протест поради состојбите на државата, активистите и поддржувачи на Граѓанската иницијатива „Протестирам“, по велигденската пауза, за денес повторно најавија протести во Охрид.
Охриѓани уште еднаш ќе го изразат незадоволството од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на одредени политичари, а бараат и негова оставка и повлекување на одлуката. Од „Протестирам“ остануваат на ставот дека нема услови за одржување фер и демократски избори на 5-ти јуни.
Протестот ќе започне во 18:00 часот на плоштадот „Крушевска република“, кај стариот Чинар.
До овој момент нема официј…
„Обука за контрола на возилата во сообраќајот“ е темата на дводневниот семинар што денес и утре се одржува во Охрид. Во рамките на обуката ќе бидат изведени низа теми за правилен избор на места за контрола на брзината на движење на возилата, контрола со полициски возила, користење на технички средства, користење на таканаречени пресретнувачи како и други точки од работењето на сообраќајната полиција. Денес полициските службеници од охридската полициска станица имаа показна вежба. Целта е да се подигне нивото на професионалноста на полициските службеници во извршување на нивните задачи,…
ФТУ започна со својата промоција пред матурантите. Оваа високообразовна институција им ги презентира можностите на своите потенцијални студенти кои можат да се запишат на шест студиски програми. Во секое средно училиште настапуваат со различна програма со која ги мотивираат средношколците да се запишат токму на овој факултет. Во средното угостителско училиште ги промовираат насоките туризам и гастрономија, во пограничните области ја промовираат насоката царина и шпедиција, во средното економско училиште насоката осигурување, а во гимназиските паралелки менаџмент и насоките кои се од општ…
Над 60 ученици од основните охридски државни училишта, а за прв пат и шест ученици од приватнот колеџ Јахија Кемал, на натпреварот Детски семафор ги покажаа своите теоретски знаења од сообраќајот и вештини во возење велосипед. Оваа едукативна акција ја реализира Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и има за цел да се влијае врз подигање на културата кај најмладите учесници во сообраќајот. Натпреварот Детски семафор е поддржан од Локалната самоуправа.
„ Локалната самоуправа секоја година обезбедува велосипед за прво наградените и заштитни велеосипедски кациги. Наградите се скр…
Шест дена не делат од започнувањето на големиот балкански Самит „Adventure next balkans“, кој ќе се одржи од 10 до 12 мај во Охрид. Во тој период доаѓа висока клиентела пред која треба да се претставиме во најдобро светло, но за жал затајува промоцијата од државата, односно од страна на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, велат организаторите на овој настан. Александар Јованоски од „кластерот Еден“ од Охрид, вели дека очекувале Агенцијата да изготви видео спот и голем број билборди, како јавноста би се информирала за овој несекојдневен настан од кој градот може да добие многу. Ј…
Тројца кандидати во трката за директорско место на Јавната научна установа Хидробиолошки завод од Охрид.
Со завршувањето на конкурсот кој траеше до 7-ми април годинава, а по истекот на мандатот на претходната директорка на високата научна установа Ходробиоошки завод Охрид, Сузана Патчева, ТВМ ТелевиизијА неофицијално дознава дека за оваа висока позиција во игра се тројца кандидати. Едниот е Проф.д-р Талевски кој воедно е и раководител на одделот за краповидни риби при Хидробиолошкиот институт, потоа Д-р Елизабета Сарафилоска, вработена во институтот во одделот хемија, како и Д-р Сашо Трај…