Денес од едиторијалот на фотографии на Ѓоко Симјаноски, член на Фото клубот „Охрид“ ви претставуваме уште една од безбројните тајни на Охрид, Куќата на Уранија.
Куќата на Уранија во Охрид е изградена во втората половина на XIX век. Куќата на Уранија претставува изразит пример на асиметрично архитектонско решение со складни форми и е еден од ретките објекти од охридската староградска архитектура сочуван во својата изворна форма.
Куќата им припѓала на охридската фамилија Филеви, а последен жител на ќуќата била една старица по име Уранија, во чија чест објектот го носи името. Денес, сопствен…
Денес во организација на здружението „Титоисти“, по повод некогашниот Ден на младоста и одбележување на 124 години од раѓањето на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, во Охрид ќе се изведе „Марш на мирот“ со почеток во 10:30 часот.
Маршот ќе започне пред споменикот на „Свети Кирил и Методиј“ во близина на градскот плоштад и ќе се одвива по Кеј „Македонија“ до крајната дестинација-Канцеларијата на здружението „Титоисти“ која е сместена во бараките на Гранит.
На 06.01.2022 во периодот од 8 до 12 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициски службеници во Охрид затекнале и санкционирале 10 возачи на моторни возила кои управувале возила со брзина поголема од дозволената ( 3 надвор од населено место и 7 во населено место).
Сообраќајните контроли ќе продолжат и понатаму на целото подрачје на СВР Охрид со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи – информираат од СВР Охрид.
Како едно од најатрактивните доживувања на бројните туристи кои го посетуваат Охрид се охридските катамарани. Во овие приватни сепариња гостите уживаат да пловат по Охридското Езеро, разгледувајќи ги крајбрежните културно историски споменици. Не постои охриѓанец кој не го познава бродарот Наум Матов. Неговите очекувања за оваа сезона се дека ќе биде најубава, бидејќи веќе присутни се Холанѓаните а имало најава за англичани, руси, турци и кинези. Матов раскажува кои водени рути најчесто му ги бараат гостите.
„Најчести прошетки ни се од пристаниште до Канео, Лабино, Титова Вила и назад, а…
Рокот за пријавување на материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината во деновите: 09 и 10 Јули 2021 која ја зафати територијата на општина Дебрца наместо 28.07.2021 година ќе биде продолжен до, заклучно со 09.08.2021 (понеделник), информираат од Општина Дебрца.
Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.
Покрај барањето секој барател треба да достави:
коп…
Денес на плоштадот пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Градскиот парк во Охрид, претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска на најдобрите основци и средношколци од Охрид им врачи награди, за постигнати врвни резултати на државни натпревари, по различни наставни предмети. Списокот на наградени ученици беше над 50 сетина.
„Можевте да бидете сведоци на навистина големиот број наградени ученици во сите области, значи природни, општествени науки, книжевност, литераура, многу музичари млади од нашата општина и тоа е нешто што без сомнение не уверува сите нас дека Охр…
Панихида за Св Кирил и Методиј. Во рамките на годинешната програма за чествувањето на Свети Кирил и Методиј, денес во салата на КУД „Ѓердан“ се одржа Панихида и свеченост. Најмладите играорци од КУД „Ѓердан“, како и нивните гости од Кавадарци, велат дека со задоволство се подготвувале за изврдба на македонските ора, посебно на големиот празник.
„Ова ми е петта година каде што учествувам на овој патрон. Ќе се претставиме со ора од Егејска Македонија охридски игри…различн.
Традицијата продолжува, вели уметничкиот раководител на КУД „Ѓердан“ Татијана Тренеска. Таа вели дека од година в…
Со свечена програма учениците од општинското средно, стручно училиште Св. Кирил и Методиј го одбележаа својот патронат. Учениците од двете струки, екомската и медицинската, помеѓу двата патронати покажаа успех во повеќе натпреварувања , а многу ученици добија и пофалници , напоменува директорката на училиштето Славица Костоска.
Прво место на државниот натпревар за лидер во екомската струка од ова школо освои Наумче Јончески.Трет на натпрварот по биологија од медицнската струка пак беше Георги Ставрески, додека учениците од медицинско беа први на општинскиот натпревар по прва помош, …