Продолжен рокот за пријавување на штети предизвикани од град

Рокот за пријавување на материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината во деновите: 09 и 10 Јули 2021 која ја зафати територијата на општина Дебрца наместо 28.07.2021 година ќе биде продолжен до, заклучно со 09.08.2021 (понеделник), информираат од Општина Дебрца.

 |   | 

Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.

Покрај барањето секој барател треба да достави:

копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;

копие од трансакциска сметка;

доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; копие од имотен лист; копие од договор за закуп ).

НАПОМЕНА: Граѓание кои претходно поднеле барање за штета предизвикана од доцните пролетни мразеви, со барањето не мора да доставуваат копие од лична карта и трансакциска сметка.

За сите дополнителни информации може да се обратите на тел. 046 286 855.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top