Охридското средно училиште Св. Кирил и Методиј го одбележа патронатот

Охридското средно училиште Св. Кирил и Методиј го одбележа  патронатот.

 |  Валентина Неловска  | 
школо

Со свечена програма учениците од општинското средно, стручно  училиште  Св. Кирил и Методиј го одбележаа својот патронат.  Учениците од двете струки, екомската и медицинската, помеѓу двата патронати покажаа успех во повеќе натпреварувања , а многу ученици добија и пофалници , напоменува директорката на училиштето  Славица Костоска.

школо Прво место на државниот натпревар за лидер во екомската струка од ова школо освои  Наумче Јончески.Трет на  натпрварот по биологија од медицнската струка пак беше Георги Ставрески, додека учениците од медицинско беа први на општинскиот натпревар по прва помош, набројува Костоска. Плановите за постојано  подобрување на работните услови за учениците се во прв план на школото, наведува Костоска.

„Немавме а сега имаме кабинет за екстерно тестирање со 32 компјутери, а се опремува уште еден кабинет со 20 комјутери“, вели Костоска.

Костоска напоменува дека има голем интерес за упис во медисинскат струка, па воиднина се размислува и за проиширување на  уписната квота, но за тоа сепак е потребно повеќе време за подготовка, кажува Костоска.

школо„Интересот тука  е најголем, но за тоа се потребни подговтвки со Центарот за образование и обука  и ресорното министерство за да се изврши промена на верификацијата, тоа е подолг процес. Но, ако интересот продолжи да го надминува сегашното максимално ниво на упис, во медицинската паралелка се запишуваат по 34 ученици, ќе отпочне постапка за проширување на медицинската струка. Тоа повлекува и други активнсоти, но е тема за размислување и е предизвик“, подвлекува Костоска.

Учениците приготвија пригодна свечена програма со која се преставија пред меногубројните гости. Во ОССУ Св Кирил и Методиј, во еконсомкста и медицинската струка, настава посетуваа во оваа учебна година 478 ученици.  

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top