Катамараните и годинава атракција на Охридското Езеро

Охридските катамарани кријат безброј тајни на вљубени двојки и незаборавни пловидби со разглед на крајбрежниот појас. Само минатата година на овие приватни сепариња на вода како што најчесто ги нарекуваат нивните сопственици имало 17 запросувања.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Како едно од најатрактивните доживувања на бројните туристи кои го посетуваат Охрид се охридските катамарани. Во овие приватни сепариња гостите уживаат да пловат по Охридското Езеро, разгледувајќи ги крајбрежните културно историски споменици. Не постои охриѓанец кој не го познава бродарот Наум Матов. Неговите очекувања за оваа сезона се дека ќе биде најубава, бидејќи веќе присутни се Холанѓаните а имало најава за англичани, руси, турци и кинези. Матов раскажува кои водени рути најчесто му ги бараат гостите.

„Најчести прошетки ни се од пристаниште до Канео, Лабино, Титова Вила и назад, а посебни имаме кој што однапред се закажуваат за Св Наум, Трпејца а најмногу го посетуваат Музејот на вода во Градиште

Охридското Езеро покрај својата природна убавина има посебна магија, вели бродарот Димитар Матов. Не ретко вљубените млади токму на среде езеро стапнуваат на лудиот камен. Се запросуваат, венчаваат, регистрираат, некои дури и свадби прават, додава младиот Матов.

„Лани, минатата година се регистрираа на катамаранот, кај црквата Свети Јован Канео. Два катамарани беа споени еден до еден па имавме од матично земено луѓе сведоци се регистрираа на самиот катамаран и една убава прослава имаше. Доста и запросувања имавме на катамаранот од Босна од Албанија од Црна Гора имавме запросувања од Грција од секаде“.

Бродарите гарантираат дека катамараните но и останатите пловни објекти како што се тоа чамците, бродовите, се безбедни. Тие сметаат дека за тоа допринеле и залагањата на капетанот на капетанија на пристаништа на РМ Горан Устијаноски, кој успеал да се избори за неколку законски регулативи кои се во насока за подигање на безбедносните мерки во пловидбениот сообраќај.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top