Авг 12, 2016

Квартетот Хеншел вечерва на Охридско лето

  Квартетот Хеншел вечерва на Охридско лето. Ова е еден од најпознатите и најквалитетните гудачки квартети на денешнината кој има настапувано насекаде во светот. Вечерашниот концерт е во рамките на традиционалната вечер на ЕУ и годинава фестивалот слави еден мал јубилеј а тоа се десет години од соработката со канцеларијата на ЕУ во Македонија. Во изминатите десет години голем број на познати музичари биле гости токму на оваа вечер и дале особен придонес во квалитетот на фестивалската програма. Овој концерт ќе биде и хуманитарен па средствата од билетите ќе се наменат за настраданите во поп…

Авг 12, 2016

Прв расказ од Емилија Карафилоска и прва награда на конкурсот Живко Чинго

Прво учество со расказ на конкурс и прва награда за Емилија Карафилоска студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Со пишување активно се занимава од своите детски години. Досега учествувала на многу конкурси и има освојувано награди и благодарници , но со расказот Тчка на агонија дебитирала за прв пат, а младата писателка кажува за својот мотив да се пријавил на конкурсот Живко Чинго. „Едноставно Живко Чинго е голем раскажувач. Го сакам неговиот уметнички израз и неговите книги. Ме привлече тоа што на конкурсот се пријавуваат…

Авг 12, 2016

Продолжува сагата за изградбата на улицата „Јордан Мијалков“

Изградбата на улицата „Јордан Мијалков“ треба да се реализира во наредните две години. Станува збор за новопроектирана улица на чијашто изградба жителите чекаат повеќе од пет години . Од локалната во неколку наврати имаше ветувања дека оваа улица е една од приоритетните во градот и истата конечно се најде во годишната програма на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, но за жал средства за нејзина изградба сеуште нема. „Улицата „Јордан Мијалков“ е влезена во развојната програма за уредување, период 2016-2018-та, морам да признаам дека оваа година Општина Охрид, односно Секторот …

Авг 12, 2016

Велгоштани бараат манифестацијата Вечер на Живко Чинго да биде финансирана од државата

На плоштадот, во подножјето на манастирот Св. Петка во Велгошти, течат завршните подготовки за одржување на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“. На 13 август, на роденденот на Чинго,  традиционало се чествува ликот и делото на големиот македонски писател кој ја прослави Македонија и во светски размери Живко Чинго. Величината на Чинго не е само заради неговото мајсторство и имагинација што ја поседувал во литературата туку и во поврзаноста со неговиот народ, потсетува на неговата голема доблест Ѓоко Чингоски директорот на ОУ кое го носи името на писателот.  „Поврзаноста на писателот со жи…

Авг 12, 2016

Со стар пасош, сакал да лета за Велика Британија

Од МВР информираат дека вчера, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ при пасошка контрола 39-годишно лице од Албанија, приложило стара патна исправа на која имало стикер од постојана дозвола за престој во Велика Британија. Поради основано сомнение за фалсификувана дозвола за престој на лицето му е одбиен излез од Македонија, по што е лишен од слобода и е предаден на полициски службеници од Полициската станица во Охрид за понатамошна постапка.

Авг 4, 2021

Босиљчиќ: „Охридско лето“ е мојата голема младешка љубов

Со стихови од најголемите светски автори, со поезија од српски поети, но и од македонските великани Блаже Конески и Анте Поповски проследени со познати мелодии, големиот српски актер Иван Босиљчиќ вчеравечер на „Охридско лето“ го донесе драмскиот проект „Наша вечер во Охрид“. Поезијата интерпретирана од Босиљчиќ на сцената „Долни Сарај“ претставуваше едночасовна исповед на љубовта кон животот, жената, детето, кон Бог. Со проектот „Наша вечер во Охрид“ тој потврди дека уметноста е бесмртна и буди благородни чувства. Ваквите проекти се извонредно прифатени од страна на публиката во регион…

Авг 11, 2016

Патникот промовиран на Охридско лето

Патникот промовиран на Охридско лето. Оваа книшка на авторот Борче Грозданов Пандур која ја пропатувала речиси целата држава на задоволство на охриѓани беше преставена синоќа како едно дело од стотина страници на кои се забележани многу настани, средби, анегдоти, сериозни препукувања дури и караници помеѓу авторот и неговиот најголем пријател и сопатник, актерот Васил Шишков.Се работи за 14 раскази кои се базирани на мои блиски средби со мојот компањон со кој знаевме и длабоко да се искараме  но и искрено да се радуваме на сите позитивни работи кои се случуваа во културата. Васил Шишков ми …

Авг 11, 2016

Матурантите од охридската гимназија синоќа и официјално се простија со нивните средношколски денови

  Матурантите од охридската гимназија синоќа и официјално се простија со нивните средношколски денови и со оваа образовна институција во која ги поминаа можеби најубавите години од нивниот живот. Со традиционално фрлање на капите и свечено доделување на дипломите тие ставија крај на едно поглавје во кое многу научија, но и си ги отворија вратите за уште многу да учат и да се надоградуваат и како личности, но и професионално. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој на матурантите им порача секогаш да бидат оптимисти, да веруваат во своите потенцијали и да сонуваа…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top