Прв расказ од Емилија Карафилоска и прва награда на конкурсот Живко Чинго

Прв расказ од Емилија Карафилоска и прва награда на конкурсот Живко Чинго.

 |  Валентина Неловска  | 
еми

Прво учество со расказ на конкурс и прва награда за Емилија Карафилоска студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Со пишување активно се занимава од своите детски години. Досега учествувала на многу конкурси и има освојувано награди и благодарници , но со расказот Тчка на агонија дебитирала за прв пат, а младата писателка кажува за својот мотив да се пријавил на конкурсот Живко Чинго.

„Едноставно Живко Чинго е голем раскажувач. Го сакам неговиот уметнички израз и неговите книги. Ме привлече тоа што на конкурсот се пријавуваат голем број автори и е добра промоција за мене како автор во иднина“, подвлекува Карафилоска.

Емилија раскажува и за темата за која пишува во првонаградениот расказ Точка на агонијата.

„ Во мојот расказ се собираат многу страни на едно место.Пишувам за дел од моето постоење, за минатото, за мојот дедо кој го носи истото име како и Чинго и едноставно тоа се мисли , емоции и спомени кои ги имам“, раскажува Карафилоска.  

Оваа студентка во втора година на  Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици  активно се занимава со проза и поезија , но како што вели Емилија Карафилоска поезијата е нејзината љубов.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top