Светскиот ден на бубрегот – 10 Март, посветен на истакнување на важноста на здравјето на бубрезите, годинава се одбележува под мотото „Да се надминат непознавањата за да се зачува функцијата на бубрезите”. Се проценува дека бубрежните болести погодуваат над 850 милиони луѓе ширум светот. Еден од 10 возрасни има некоја форма на хронично заболување на бубрезите. Во глобални рамки ХББ (Хроничната бубрежна болест) секоја година расте и се предвидува дека во 2040 година ќе биде петтата болест како причина за смртност на годишно ниво. Два милони луѓе во светот се на дијализа. И во Македонија спор…
Со оглед на појавата на H5N1 во соседна Грција на Мало Преспанско езеро ренџерската служба на Општина Ресен изврши вонредна контрола на јужниот дел на Преспанско езеро и островот Голем град, информираат од Мониторинг станицата на преспанското Езеро и Државниот санитарен инспекторат. Ренџерската служба на Општина Ресен, го испита теренот на Големото езеро не пронајде никаква појава на угинати птици, стои на Фејсбук страните на Мониторинг станицата на преспанското Езеро и Државниот санитарен инспекторат.
Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, во Истанбул, Република Турција, оствари средба со генералниот секретар на Унијата на Општини, Фахри Солак.На средбата се разговараше за продолжување на добрата соработка со Општина Охрид и продлабочување на соработката во туризмот. Се разменуваа мислења за организирање на промоција на Охрид во Република Турција.Разговарано беше и за размена на вработените од општинската администрација во делот на туризам со други туристички развиени општини од Република Турција. Исто така беа разменети искуства и во други области и бе…
ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07. 01. 2022 (петок) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници.
Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божик и на таков начин ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање.
ЈП „Билјанини Извори“ им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет. За многу години “Христос се роди” – се вели во соопштението на Јавното претпријатие.
Во текот на вчерашната вечер (08./09.03.2022) во периодот од 18.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 65 возачи.
Од нив 20 на територија на СВР Скопје, 10 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Битола… при што санкционирани се 65 возачи. Од нив 20 на територија на СВР Скопје, 10 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Битола – информираат од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денов…
Шумата на охридското Кале е во опасност од бршленот, јавуваат загрижени граѓани. Посочуваат на загрозеност на „белите дробови“ на градот во делот на Самоилова тврдина, Дебој, Канео и Лабино.
Загрижени се за иглолисните дрвја да не почнат да се сушат од бршленовиот повит. Рекреативците кои секојдневно пешачат по патеките кои водат низ Калето кажуваат дека се почесто забележуваат исушени стебла, како што ја нарекуваат, нивна „патека на животот“. Повикуваат надлежните да ја исчистат шумата од бршленот и да го спасат урбаното шумско зеленило.
Проф. д-р Јане Ацевски, раководител на Катедрата…
Во пресрет на новата туристичката сезона членовите на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет од „Мобилност“ ќе добијат десет реконструирани апартмани, што се наоѓаат во комплексот „Охридати“ во Охрид.
Реконструкцијата, која опфаќа повеќе компоненти, ќе го подигне нивото на енергетската ефикасност на објектите преку промена на надворешната и внатрешната столарија, зголемена изолација, а ќе бидат извршени и зафати за внатрешно преуредување и осовременување на објектите.
Активностите се одвиваат во рамките на проектот „Подигнување на енергетската ефикасност на јавните објект…
Најранливите категории на граѓани ќе добиваат ваучери од по 1000 денари. Истите ќе можат да се употребат за купување на основните производи, истакна на денешната прес конференција премиерот Димитар Ковачевски.
Тоа се ваучери во вредност од 1000 денари месечно, за период од три месеци, за околу 35.000 граѓани. Истите би се користеле за купување на основните производи – рече Ковачевски.
Освен тоа, ДДВ-то за основните хранителни продукти се намалува од 5% на 0, соопшти Ковачевски. Како што кажа тој мерката се однесува на основните хранителни производи.
Основните производи на кои ќе …