Два месеци активно се работи на пешачко рекреативната патека од мостот кај езерската полиција до Билјанини извори. Рокот за комплетна реализација на овој проект, изградба на пешачка патека во должина околу 500 метри, вреден околу 300 000 евра, е 12 месеци. Портпаролот на Секторот за комунални дејности Љупчо Танесеки, вели дека во тек се земјените работи, односно ископување на ровови во постоечкиот канал, транспорт на ископаниот материјалот и одведување на водата која што е во каналот за да се вршат градежните работи.
„Засега сме задоволни од динамиката и интензитетот на градба на терен,…
Eколошките граѓански организации отворено го искажуваат ставот дека се против идејата на општината Охрид да гради авантуристички парк во шумата кај Плаошник, над плажата „Лабино“. Од граѓанската платформа „Охрид SOS“ истакнуваат дека проектот „Waternet,“, е во рамки на погранична соработка на Охрид и Воден, а со цел да се промовира важноста на водата, да се развие прекугранична заштита на водните средини и да се засили едукацијата. Според екологистите изградбата на авантуристички парк во шума нема да придонесе за исполнување на овие цели.„Општина Охрид, без никаква претходна анкета, или и…
На раскрсницата на Железничка со Кленоец и Егејска наскоро ќе се постават семафори. Ова е одговорот кој го доби советничката Верица Хајба која го праша градоначалникто Никола Бакрачески кога ќе се реализираат ветувањата дека на магистаралниот пат Железничка ќе се зголеми безбедноста на граѓаните со поставување на семафори. „ Ветувавте дека старите семафори по завршување на кружните крстосници на Туристичка ќе ги поставите на Железничка, дека правите проект и објавувате тендери и барате мислења за ова решение“, праша Хајба.Градоначалникот Никола Бакрчески одговори дека даденото ветувањ…
Селските населби и понатака се снабдуваат со небезбедна вода за пиење. Во селските водоводи тече нехлорирана вода за пиење. 90 посто од контролираните примероци од селските водоводи не се за употреба и има забрана за пиење. Водата е без дезинфекционо средство или со недоволен хлор, кој треба да го содржи според Законот за безбедност на вода, велат од Центарот за јавно здравје.„ Не може да се каже дека некаде има постојано хлор , освен во селските водоводи кои ги контролира Проаква и се приклучени на градскиот водовод“, информира броматологот Сашо Точков. Извештаите од контролата на …
На шеесет и четвртото издание на седницата на советот, покрај за овие две точки ќе се расправа уште и за утврдување на неколку нацрт детални урбанистички планови, како и за низа извештаи за реализирани програми, од повеќе сфери до септември годинава.
Обемно шесеесет и четврто издание на седницата на советот на Општина Охрид Овој петок, со почеток во 10,30 часот, пред градските избраници повторно ќе се најде звештајот за остварување на Буџетот како и Предлог Одлуката за обезбедување на надоместок за експропријација на недвижност за изградба на катна гаража. Исто така советниците ќе треба да…
Водостојот на трите природни езера во земјава е намален во споредба со вчера. Според последните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро е намелено за два сантиметра, а на Преспанското и Охридското Езеро за по еден сантиметар во споредба со вчера.
Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,64 метри повисок од повеќегодишниот просек за август, додека нивоата на другите две природни езера се пониски од просечните и тоа за девет сантиметри кај Охридското и за 1,62 метра кај Преспанското Езеро.
Пониски од просечните се и водостоите на повеќето ре…
Охридските пчелари не се задоволни од годинешната реколта и ја отценуваат како катастрофална. Годинава од кошниците извадиле едвај до 6 килограми мед, а во поволните години приносите од мед достигнувале и до 20 килограми од кошница. Пчеларите се соочуваат со променливи временски услови кои не одат во прилог на медарството, но и со болестите кај пчелите, информира за состојбите во пчеларството долгогодишниот пчелар Тони Јосифоски. Викендов пчелар од Љубаништа останал без сите 80 кошници со пчели како резултат на болеста нозематерана. Пчеларите се почесто се соочуваат со оваа болеста…
Акција за едукација на охриѓани како да превенираат и навреме да препознаат мозочен удар. Здужението за борба против мозочниот удар заедно со Црвен крст одржаа акција која предизвика голем интерес кај граѓаните. Случајно анкетираните граѓани ги прашавме дали редовно го контролираат своето здравје.МНогу од нив потрдуваат дека сооглед на возраста водат грижа за здравјето. Загрижува стапката на нови случаи од мозочен удар и во Охрид и во земјава. Во Македонија годишно има 6000 случаи со мозочен удар, а во моментов 16.000 македонци се борат со последиците од мозочен удар. 50 проценти од нив …