Буџетот и катната гаража повторно на дневен ред

На шеесет и четвртото издание на седницата на советот, покрај за овие две точки ќе се расправа уште и за  утврдување на неколку нацрт детални урбанистички планови, како и за низа извештаи за реализирани програми, од повеќе сфери до септември годинава.

 |   | 

На шеесет и четвртото издание на седницата на советот, покрај за овие две точки ќе се расправа уште и за утврдување на неколку нацрт детални урбанистички планови, како и за низа извештаи за реализирани програми, од повеќе сфери до септември годинава.

Обемно шесеесет и четврто издание на седницата на советот на Општина Охрид Овој петок, со почеток во 10,30 часот, пред градските избраници повторно ќе се најде звештајот за остварување на Буџетот како и Предлог Одлуката за обезбедување на надоместок за експропријација на недвижност за изградба на катна гаража. Исто така советниците ќе треба да ја усвојат работата за изминатото тримесечие на повеќето сектори кои работат во склоп на Општина Охрид, а на дневен ред ќе биде Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2016 – 2018, како и Извештајот за реализација на програмата за поддршка на локалниот економски развој.

Ќе се расправа и за Предлог Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во општина Охрид за 2017 година, а ќе се согледа и досегашната работа и реализација на програмата за заштита на животната средина и природата, програмата за одржување на јавна чистота, потоа одржувањето и користењето на паркови и зеленило за 2016 година.

Предвидено е долгорочно домашно задолжување на општина Охрид во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП 2), но и воспоставување на меѓуопштинска соработка со општините Струга, Центар Жупа, Вевчани, Дебрца, Дебар, Пласница, Кичево и Македонски Брод, за што исто така ќе се развие дискусија меѓу советниците. Последните точки од дневниот ред на Советот на Општината се однесуваат на утврдување на неколку нацрт детални урбанистички планови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top