Во Основниот суд Охрид денес почна и заврши судскиот процес против србинот кој пред нецела година за новогодишните празници на смрт го претепа 26 годишниот Димитар Матилоски од Охрид. Обвинетиот српски државјанин Бојан Угреновиќ од Краљево на неговото денешно прво појавувување пред Судскиот совет ја призна вината, изразувајќи каење за стореното дело и жалење за последиците. Семејството на Матилоски во изминатиот период направило и приватно вештачење за овој немил настан, кое според сестрата на починатото момче Цветанка Матилоска-Пешиќ, покажало елементи и докази за свирепо убиство, но су…
Граѓаните не покажаа интерес за јавната расправа за нацрт фискалната стратегија и развојните програми на Општина Охрид за 2017та година. Во општинската сала се слушнаа само една пофалба и едно погрешно упатено прашање. Димитар Спасески, секретарот на општината, сепак е задоволен од настанот.„Очекувано е присуството на ова јавна расправа. Ова е 4 -та година по ред која како секретар ја водам и сум задоволен од тоа што граѓаните не чувствуваат потреба за оваа јавна расправа да дискутираат со Локалната самоуправа затоа што нивните барања се апсолвирани“, кажа Спасески.Спасески напоменува дека …
„Современите концепти на кризниот менаџмент“ е тема на Меѓународната научна конференција која се одржува денеска и утре во Охрид, во организација на Центарот за управување со кризи на Македонија. Директорот Агрон Буџаку истакна дека периодот на одржување на оваа конференција дава можност да се укаже, дека годинава што измина е во знакот на големи предизвици за безбедноста на голем број држави. Предизвици од различен профил, карактер и распространетост, кои како никогаш досега ја нагласиле нужноста од заедништво и координирано дејствување во справување со истите.
„Ова е можност академски…
Основците се повеќе имаат проблеми со препознавање на буквите, писмениот текст, раскажувањето и разбирањето на текстот, читањето на лектири, математиката, напоменува Фахие Реџеп одделенски наставник на турски јазик во ОУ Братство Единство. Во ова основно училиште Реџеп е координатор на проектот „Со читање до лидерство “ во рамките на фондацијата „Чекор по чекор“. За надминување на ваквата состојба таа укажува дека се наметнува потребата наставниците да се стекнуваат со нови техники. Во таа насока ОУ „Братство Единство“ беше домаќин на наставници од три основни училишта од Ресен, Вевчани и…
Законскиот рок за годишна обнова на документацијата на корисниците на право на социјална парична помош, започнува на 19ти декември. Од ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Охрид информираат дека со цел да им се излезе во пресрет на корисниците на социјална помош, оваа обнова на документацијата со последните законски измени е доста поедноставена, пред се во обемот на документација која корисниците треба да ја носат со себе. Па така корисниците на социјална парична помош според новиот систем треба да понесат важечка лична карта, лични , ако се малолетни, тогаш истите да понесат …
Автомобилите на тротоари, пешаците на коловоз. Ваква е сликата во Охрид во текот на туристичката сезона. Сообраќајната некултура не е исклучок ниту во остатокот од годината, но на лето го достигнува врвот. Се паркира на тротоари, велосипедски патеки, пешачки острови и премини. Во рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ пристигнуваат слики од граѓани кои го регистрирале ваквото несовесно однесување.
Паркира кој каде сака и каде ќе стигне – коментираат граѓаните.
Состојбата е посебно лоша на Булеварите АСНОМ и Туристичка каде движењето на пешаците и велосипедистите е небезбедно. Граѓаните …
Семејното насилство во општина Охрид расте. Трендот на раст на насилството во земјава не го одминува нити нашиот град. Во рамките на предавањето организирано од страна на граѓанското здружение „Бисера“, посветено на неделата „16 дена борба против семејното насилство“, од СВР Охрид било информирано дека во градот семејното насилство е двојно зголемено. Жените и децата и понатака се најчестите жртви. Семејното насилство расте, а Охрид во моментов е без СОС телефон и шелтер центар каде што ќе бидат згрижувани жртвите. За овие пропусти дел од охридските советници алармираат што поск…
Кај Горна порта затворено за сообраќај. Уште од утрово екипи ангажирани од АД „Илинден“ работат на прередување на камените плочки кои се наоѓаат на оваа улица. Граѓаните од овај дел на градот реагираат дека неможат да ја користата оваа сообраќајница која е главната артерија за сстариот дел на градот. Од Локалната велат дека овие зафати се дел од проектот кој уште од летоска се спроведува за прередување на коцките на улиците во стариот дел на градот.
Можам да ве уверам дека овие градежни зафати со сигурност ќе бидат завршени пред почетокот на новогодишните празници. Затоа екипите на терен …