Корисниците на социјална да ја обноват документацијата

Од ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Охрид информираат дека законскиот рок за годишна обнова на документацијата на корисниците на право на социјална парична помош, започнува на 19ти декември. Оваа обнова на документацијата со последните законски измени е доста поедноставена, а рокот истекува на  на 27ми јануари идната година.

 |   | 

Законскиот рок за годишна обнова на документацијата на корисниците на право на социјална парична помош, започнува на 19ти декември. Од ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Охрид информираат дека со цел да им се излезе во пресрет на корисниците на социјална помош, оваа обнова на документацијата со последните законски измени е доста поедноставена, пред се во обемот на документација која корисниците треба да ја носат со себе.  Па така корисниците на социјална парична помош според новиот систем  треба да понесат важечка лична карта, лични , ако се малолетни, тогаш истите да понесат потврди дека се студенти или ученици, додека за лицата кои што се разведени, треба да донесат пресуда за развод на брак и пресуда за определена законска издршка. Останатиот дел од документацијата, се обезбедува со меѓуинституционална соработка. Рокот за годишна обнова на документацијата на корисниците на право на социјална парична помош истекува на 27ми јануари идната година. Од Центарот апелираат до корисниците на социјална парична помош што поскоро да ја направат годишната обнова на документацијата бидејќи доколку не го испочитуваат овој рок, ќе го изгубат правото на парична помош и не ќе можат повторно да поднесат барање во рок од шест месеци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top