• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охриѓани незаинтересирани за јавната расправа за нацрт фискалната стратегија и развојните програми на општината за 2017 година

Охриѓани незаинтересирани за јавната расправа за нацрт фискалната стратегија и развојните програми на општината за 2017 година

Охриѓани незаинтересирани  за јавната расправа за нацрт фискалната стратегија и развојните програми на општината за 2017 година.

 |  Валентина Неловска  | 

Граѓаните не покажаа интерес за јавната расправа за нацрт фискалната стратегија и развојните програми на Општина Охрид за 2017та година. Во општинската сала се слушнаа само една пофалба и едно погрешно упатено прашање. Димитар Спасески, секретарот на општината, сепак е задоволен од настанот.

„Очекувано е присуството на ова јавна расправа. Ова е 4 -та година по ред која како секретар ја водам и сум задоволен од тоа што граѓаните не чувствуваат потреба за оваа јавна расправа да дискутираат со Локалната самоуправа затоа што нивните барања се апсолвирани“, кажа Спасески.

Спасески напоменува дека се сондирани потребите на граѓаните преку урбаните и месните заедници. Нивните стручни служби и градоначалникот Никола Бакрачески  во непосредни средби имале можност да ги слушнат комуналните проблеми на граѓаните кои треба да се решаваат во идната буџетска година. Граѓаните како конкретни потреби и понатака бараат  асфлатирање на улици, изградба на водоводни мрежи и канализација, изградба на паркови и хортикултурно уредување, наведува Спасески.

„Градоначалникот воспостави поинаков начин  на соработка со граѓаните , месните и урбаните заедници. Континуирано во мандатот ги посетуваше во местот на живеење од каде и директно ги влечиме идеите за изработка на програмите за работа“, потенцира Спасески.

Ова е показател дека сме ги сублимирале сите проекти кои граѓаните веќе ги предложиле, додава Спасески. Од денес започнува изготвувањето на конечната проекција за Буџетот за 2017 година.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top